Павел Пападопулос: Направете го вашиот дом место за утеха, прошка и разбирање
Духовен човек не е оној кој ја истражува и црпи од светската мудрост, ниту морален човек, туку оној кој расте во Љубовта.
Ако се осмелам да кажам кој е духовен човек, би рекол дека тоа е човекот кој љуби. Бидејќи бесконечноста, за која сите сме повикани е љубовта во Христа, односно искрената љубов, несебичната љубов, љубовта која може да ја достигне жртвата на Крстот без да крие злоба во себе.