логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Отворено јавувајќи им се на оние,
Кои Го бараат со сето срце,
И скривајќи се од оние,
Кои со сето срце бегаат од Него,
Бог го регулира знаењето на
Луѓето за Него. Тој дава знаци,
Видливи за оние кои Го бараат,
И невидливи за рамнодушните кон Него.
На оние кои сакаат да видат,
Им дава доволно светлина.
На оние кои не сакаат да видат,
Им дава доволно темнина.
                    Блез Паскал

 



Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.
Такви биле луѓето, кои ги опишува епископот Тихон (Шевкунов), чие сведоштво е достапно за современиот човек на еден многу разбирлив јазик. Препознавајќи се себеси во тоа секојдневие, ние се учиме да обрнуваме внимание на она кое дотогаш не сме го познавале, и пополека го минуваме патот, што ќе ни овозможи зрело пречекорување на црковниот праг.
(од преведувачот З. Д)

Десет дена.


Првите послушанија

Келијата, каде што ме вселија, се наоѓаше на првиот спрат на корпусот на самиот намесник на манастирот, чија соба се наоѓаше точно над нас. Покрај нас, како што веднаш ме предупредија, живееше строгиот благајник, отец Натанаил. Си забележав во себе, дека не би било лошо на монасите да им давам попрости имиња. Добро е што отецот што требаше тука да го најдам, не се викаше толку измудрено – отец Јован.

Во пространата светла келија покрај десетте кревети, имаше стари шкафови со дрвена резба, наткасни, и накратко сè, што е потребно за да се одмори и преноќева. Тука се собра различен народ, од целата земја и сите слоеви, што веднаш беше очигледно, остануваа многу добри и љубезни луѓе.

Ми објаснија, дека наутро и навечер сите одат на служба, а дење – на послушанија. Какви послушанија – ќе ми кажат. Можеби да се цепат дрва, можеби, да се помага во кујна или во магацинот за храна, а можеби да се метат патичките.

Вечерта отидовме на служба. Овојпат, не знам зошто, но беше многу тешко да се отстои. Службата никако не завршуваше, и за моја несреќа, траеше повеќе од четири часа. Затоа ги разгледав луѓето кои го наполнија храмот. Главно тоа беа прости женички, постари од педесет години, а поретко и мажи. Но се молеа и доста млади луѓе, во секој случај, тука почесто се сретнуваа млади луѓе, отколку во московските цркви. И секако – туѓинци , јуродиви , сите тие кои го сочинуваат со ништо неспоредливиот дух на рускиот манастир и предградието околу него.

После службата, сите заминаа на вечера. Имаше пет монаси, останатите како што ми објаснија, јадеа двапати на ден, така што трпезаријата се наполни главно со искушеници и поклоници. Храната не беше гурманска, но беше многу вкусна. Специјално поставен монах гласно ги читаше житијата на светителите. Заедно со сите, на трпеза присуствуваше строгиот благајник, отец Натанаил. Тогаш тој имаше шеесет и пет години. Слабичок, побелен, ништо не јадеше, а само следеше за поредокот и го поправаше чтецот, ако згрешеше во акцентите или ако неправилно го произнесеше некое древно византиско име.
По завршувањето на трпезата, сите останаа на местата и повтоно започна молитва – вечерна. Потоа сите тивко запеаа нешто старо и мелодично, и еден по друг отидоа да го целиваат крстот кој го држеше во раце еден јеромонах.

Излегувајќи од трпезаријата, јас за првпат видов манастир ноќе. Тој беше необично убав. Фенерите ги осветуваа патичките и круните на дрвјата. На корпусите исто така светкаа фенери. Сето тоа, ноќта во манастирот ја правеше не страшна, а таинствена и мирна. Не сакав да одам во домот, но ми кажаа дека нема практика ноќе да се шета по територијата на манастирот. А плус, утре рано треба да се стани. Дознавајќи во колку, јас многу се растроив – во пет и триесет наутро! Дома, никогаш толку реано не сум станувал.Во 5.30, како што и беше ветено, ме разбуди гласниот ѕвон од камбаната. „По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, помилуј не!“. Тоа беше оној кој не будеше, отворајќи ги вратите од нашите келии, со заспан глас ја прочита утврдената молитва и замина понатаму, да ги буди останатите.

  • Туѓинци – во смисла луѓе кои туѓинуваат заради Христос, најчесто бездомници.
      Јуродиви – безумни заради Христос.


Колку тешко и неудобно беше да се стане толку рано, да се мијат забите со ледена вода во големата соба за миење. Јас веќе стопати зажалив што дојдов тука, а уште повеќе – што Му ветив на Бога дека ќе останам тука цели десет дена. И кому му се потребни тие рани станувања? На Бога? Секако не! Нам? Исто така не. Се измачуваат себеси!..

Надвор сеуште беше темно. Монасите во мантии развеани на ветрот, молчејќи се искачуваа по извртените скали на високиот рид кон Михајловскиот собор. Ние, поклониците, одевме по нив.

При светлината од кандилата и свеќите започна братскиот молебен. На него, сите бараа од Господа, Мајката Божја и од покровителот на манастирот проподобниот маченик Корнилиј, благослов за денот што доаѓа. Од кандилото, што висеше пред чудотворната икона, ја запалија свеќата во стариот фенер, а фенерот веднаш го однесоа во манастирската кујна, за од него да го запалат огнот во печката. После братскиот молебен сите ги слушаа утринските молитви и читаа записки, дадени од поклониците за здравје и упокојување на своите блиски. На крај, тие кои не учествувале во понатамошната служба, а меѓу нив и јас, отидовме на доручек.

Кога видов, со што ги хранат поклониците, ми се подобри расположението. Риба, каква што и во Москва нема често да најдеш, кисели печурки, тиквички, каши – од гречка (хељда), од овес, сè со пржен кромид. Накратко, имаше доволно од сè. Потоа дознав, дека во Печори традиционално се трудат од сета душа да ги угостат оние кои се трудат. Тоа започнало уште од времето на минатиот намесник, отец Алипиј. И сегашниот, архимандрит  Гаврил го чуваше тој обичај.

На доручекот монасите и искушениците дружељубиво разговараа, некогаш и се шалеа. Тоа мене многу ми се допадна. Таква спокојна добросрдечност во светот немав сретнато.

Во осум часот, ние, поклониците, се собравме во работниот двор. Отец Максим, бригадирот (така го нарекуваа по советски), прочита кратка молитва и почна да ги распределува послушанијата. Мене ми рече кратко: „Ќе појдеш да чистиш“. Што да „чистам“, не знаев, но кога дознав, толку се разлутив, што за малку не се завртив и не си заминав сосема. Мене ми се падна да ги чистам септичките канализациони шахти. Но, најдов сили да се воздржам и се натерав да ја облечам валканата облека шти ми ја дадоа, и чизмите, за да влезам во шахтите.


Нема да го опишувам останатиот ден. Го поминав во смрдливи јами, до пет часот вечерта гребејќи секрет и песок и ставајќи го во ведра.

Ретко, кога ќе имав можност да излезам од својата шахта и да подишам, ќе видев монаси, кои, како што ми се чинеше, празно се шетаа по манастирот, и се сетив на лекциите по атеизам и расказите за дебелите експлоататори во раса, лицемери и гурбијани, кои го угнетуваат простиот верен народ. То ест, во конкретниот случај – мене.

Јас тогаш сеуште не знаев дека секој монах има – не едно, а многу послушанија и дека сиот монашки живот се состои од труд и молитва. Но тоа е сокриено од туѓи погледи. Монасите се трудат во ковачница, во столарија и дограмаџиски работилници, во пекара, во библиотека, во пекарата за просфори. Ризничарот го чисти олтарот, снабдува се што е неопходно за служба, ги чисти одеждите и приборот. Некој патува по продукти, готви храна за стотици луѓе – монаси и мирјани. Други се трудат во градината, во полињата и во магацините за зеленчук. И така натака, и така натака. А да не зборуваме за тоа дека сите учествуваат во многучасовните богослуженија, а свештениците плус и исповедаат луѓе, често до длабоко во ноќта, и исполнуваат уште маса други обврски. Но, кога седиш во канализациона јама, светот изгледа мрачен и несправедлив.

  • Архимандрит, игумен, јеромонах, јероѓакон – чинови на свештенослужителите во манастирите.

Вечерта јас повторно стоев на служба и ги читав бесконечните имиња во дебелите тетратки – синодики, и во поменалните записки, кои ми ги даваше еден стар монах. За здравје, за покој... За здравје, за покој... Ивани, Агрипини, Петри, Надежди, болните Екатерини, непразните Ани, патниците Николавци како живи ми излегуваа пред очите. Чувствувајќи одговорност, се трудев не само да ги набројам имињата, но и како што можев да се помолам за нив. Само на едно место ми стана смешно: кога ми се падна записка, напишана со старечки ракопис, со спомнување за здравје на „заблудениот младенец Григориј“. Така и си го замислив тој малечок неранимајко, што ја довел до очајание својата несреќна баба.


Колку сакав дома! Уште осум дена од таа бесмислица! А тука никако не успевав да се сретнам со отец Јован и со него да ги разрешам своите прашања.

Следниот ден ме поставија да цепам драва и да ги ставам во огромниот магацин кој се издигаше во работниот двор, како необични многукатни визби. Јас никогаш во животот не сум чистел канализации, не сум цепел дрва, не сум чистел кај крави, не сум метел калдрма. Така што, до крајот на моето десетдневно престојување во манастирот се составија множество впечатоци. Нервози и измореност исто така. Сета таа „екзотика“ ми седеше во џигерите.

Но, сепак видов еден непознат свет кој ме порази. Со отец Јован се сретнавме попатно, на неколку минути. Тогаш тој ми изгледаше како обичен дедичко, секако, многу добар, но сосема едноставен и не многу интересен. Но, отец Јован сепак ме ислуша, и заради недостатокот на време, ме посоветува да се обратам кај игуменот Таврион.

И тогаш не знам по кој пат со униние повторив, дека никогаш нема да го запаметам тоа име. Сепак, на прашањето кое тогаш посебно ме загрижуваше – за киното, може ли да се занимавам со него и како Црквата се однесува кон тоа, отец Јован ми даде потполно неочекуван одговор. Тој рече:

- Киното – е јазик. Со него може да се провозгласи: „Распни, распни!“ А може и да се прослави Бог.

Јас веднаш го запомнав тоа и си помислив: „дедово“и не е толку прост...Од каде да знаев дека тој човек ќе ја определи сета моја судбина, ќе стане еден од главните отркитија во мојот живот и засекогаш ќе остане за мене образ на христијанин, монах и свештеник.

И тогаш, тоа старче топло ме прегрна на збогување, ме благослови и ми посочи задолжително уште еднаш да дојдам во обителта, во што јас веднаш многу се посомневав. Еднаш во Печори, мене ми изгледаше ќе биде повеќе од доволно.

Еден ден пред моето заминување, со тешкотии се сетив на името на свештеникот, кај кого што ме посоветува да се обратам отец Јован, - игумен Таврион – и го најдов. Тој беше четириесет годишен монах, со низок раст, високо образование (ја сфатив промислата на отец Јован – во таа состојба мене ми беа потребни „умни беседи“). Отец Таврион се постави кон мене многу снисходувачки. Тој сериозно одговараше на моите многубројни прашања, а при крајот на беседата ме посоветува да го читам Светото Писмо и светите отци, наутро и навечер да се молам по молитвеник, регуларно да се исповедам и да се причестувам, и најважно – да си најдам духовник. Отец Таврион ми подари молитвеник со Псалтир – вистинска скапоценост во тие времиња. И исто така ме покани да доаѓам.

Ги издржав сите десет дена – раното будење, послушанијата, бескрајните служби, на кои некогаш под уво ти викаат опседнати. Но можам да речам дека зажалив за изгубеното време. Сепак во последниот ден, со сета душа се стремев во Москва.

Се збогуваа со мене многу топло. По благослов на намесникот, благајникот ми даде за пат цели триесет рубли. Добив уште и торба со секакви вкусни работи. Влегувајќи да се помолам во храмот, со минлива благодарна тага, но и со радосен претвкус од враќањето во Москва, излегов од обителта.

И тогаш се случи тоа што ме доведе до вистински шок. Кога за првпат по десет дена се најдов зад манастирските врати, првото чувство кое ме зафати, беше неиздржливата желба – да ги фрлам торбите и стрмоглаво да бегам назад! Такво нешто од себеси, никогаш не сум очекувал!.. Правејќи над себе големи присилби, бавно се упатив кон автобуската станица, со секоја минута разбирајќи дека се најдов во совршено друг свет, сосема не во тој, кого го оставив пред десет дена.

(Извадок)

 

 

Издавач: Кумановско- осоговска епархија 2016

Со благослов на митрополитот Кунмановско- осоговски

Г. д-р Јосиф

 


28-ми септември, лето Господово 2016

 

 

„Вие дури и не можете да си замислите, што е манастирот!

Тоа е бисер, тоа е чудесна скапоценост во нашиот свет!

Дури отпосле вие тоа ќе го оцените и ќе го разберете.“

 

- извадок („Несвети а свети“) 

  •  Неодамна, отец Матеј Самокхин ми раскажа дека кај него дошла една жена која паднала во толку безизлезна ситуација, што одлучила да изврши самоубиство. Подготвила апчиња, но се двоумела. Нејзиниот поглед паднал врз книгата која неодамна ја добила како подарок: „Несвети а свети“. Во една тава критичка состојба седнала и започнала да чита; ја читала цела вечер, а утредента пошла во црква да се исповеда. Што може да биде поголема награда од ова за еден свештеник, писател, човек? Во ваквите случаеви сфаќате дека вие сте никој и ништо – дека вие сте само инструмент на Божјата промисла; сте направиле нешто што ни самите потполно не го разбирате… И тогаш, одеднаш, започнувате да работите со многу повеќе сила, отколку што сте можеле да претпоставите.
  • За глупавите парохијани - „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“ (Извадок)

Епископот Тихон е роден на 2 јули 1958 г. во Москва. Во 1982 година дипломирал на Факултетот за сценарио на Државниот институт за кинематографија, по што станал искушеник во Псково-печерскиот манастир. Монашки потстриг примил во 1991 година во Донскиот манастир, а истата година бил ракоположен и во јероѓаконски и јеромонашки чин. Во игуменски чин бил унапреден во 1995 г, а во архимандритски – 1997г. Во 2010 година бил именуван за одговорен секретар на Патријаршискиот совет за култура, а со одлука на Претседателот на Руската Федерација, г. Димитриј А. Медведев, истата година е вклучен и во состав на Советот за култура и уметност при Претседателот на Руската Федерација. На 22 март 2011 г. станал член на Највисокиот црковен совет на Руската Црква. На 29 февруари 2012 г. Рускиот Патријарх го поставил за игумен на Сретенскиот манастир. Ректор е на Сретенската духовна семинарија, раководител на издавачкото одделение на Сретенскиот манастир и интернет-презентацијата „Pravoslavie.ru“. Од јули 2012г. е член на Општествениот совет при Министерството за култура на Руската Федерација. Член е на Руската Академија на природни науки.

 


Скопје, 04 октомври 2016

НУБ „Свети Климент Охридски“

 

 

 


    



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3209
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7692
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная