Примете срдечни честитки по повод 15-тиот роденднен на «Премин портал».
Огромниот информациски масив кој го опкружува современиот човек, покрај извесните погодности, содржи и се поголеми ризици за отуѓување на луѓето, нивна дехуманизација, губење на морално-етичките вредности и
принципи врз кои почива нашето општество. Во овие услови високо го цениме секој напор и секој приднес на медиумите КОЈ има за цел зацврстување на духовните ориентири кои за секој човек претставуваат апсолутно незаменливи патокази во неговиот секојдневен живот.
Многу не радува дека во денешниот свет кој се подинамично се менува Вашиот медиум - «Премин портал» - останува доследен во промовирањето на неменливите и неминливи христијански вредности кои се природни и блиски како на македонскиот, така и на рускиот народ, врз кои се темели нивниот изворен етос, духовен генетски код.
На овој голем ден кога нашите братски народи го одбележуваат големиот празник Рождество на Пресветата Богородица, Ви посакувам Вам, на сите соработници во проектот «Премин портал» добро здравје, натамошни професионални успеси и достигнувања и уште многу години плодотворна работа во информацискиот простор.