логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.trubaНа едно место во Светото Евангелие Господ Исус Христос вели: Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот (Јован 16,21). Денешното раѓање, пак, е радост не само за една жена, ами за сите нас, „радост за целата вселена“ – како што и пееме во тропарот на денешниот празник. Дар од Бога за целото човештво, бидејќи со ова необично раѓање, Бог го започна, всушност, пресоздавањето на светот, коешто се случи преку Синот Божји.

  Слово на Неговото Преосвештенство, Епископ Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител, изговорено на Вечерната богослужба за празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Манастирот Пречиста Кичевска, на 7/20 септември 2020 лето Господово

3.angeli.so.truba

Епископ Партениј, Игумен Бигорски


Ваше Високопреосвештенство, почитуван архипастиру на оваа богочувана епархија, г. Тимотеј,

Ваше Високопреподобие, почитуван игумене на Манастирот „Свети Наум Охридски“, г. Нектариј,

Сечесни отци,

Возљубени браќа и сестри, монаси, монахињи и Христијани,

Дозволете ми, најнапред, да му се заблагодарам на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, што денес благоволи да се собереме и заедно да торжествуваме во овој свештен манастир, посветен на Пресветата Владичица наша Богородица. Големо е духовното и историското значење на оваа Обител за сите нас, а посебно за нашиот надлежен владика, кој во последните децении се покажа како нејзин најголем благодетел.

На едно место во Светото Евангелие Господ Исус Христос вели: Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот (Јован 16,21). Денешното раѓање, пак, е радост не само за една жена, ами за сите нас, „радост за целата вселена“ – како што и пееме во тропарот на денешниот празник. Дар од Бога за целото човештво, бидејќи со ова необично раѓање, Бог го започна, всушност, пресоздавањето на светот, коешто се случи преку Синот Божји.

Некогаш, при сотворението на светот и на човекот, Бог зел прав од неосквернетата земја и од неа му создал тело на нашиот прататко Адам, вдахнувајќи во него „дух животен“, така што тој станал „жива душа“ (сп. Битие 2,7). При духовното пресоздавање, пак, Он го исткал Своето тело преку кое нѐ спаси, од пресветото, пречистото, неосквернето и девствено тело на Пресветата Дева Марија. Ете зошто денешното Рождество е посебна и сеопшта радост за сето создание, бидејќи тоа е раѓање што светло го најавува Раѓањето на Спасителот Господ Исус Христос, радосен вовед во Неговиот спасителен Домострој.

Раѓањето на Пресвета Богородица се случило од прекрасните и смиреномудрени нејзини родители Јоаким и Ана. Како што е општопознато, овие двајца праведници биле веќе многу стари и бесплодни. Меѓутоа, со нивната праведност, со верата и смирението што ги имале, тие го направиле она што не можел да го направи никој друг: ни философите, ни мудреците, ни научниците, ни сите луѓе заедно. Со чудесното прекратување на нивната стерилност, тие ја разрешиле духовната стерилност на светот. Две крајно смирени души, сопружниците Јоаким и Ана, ја излекувале бесплодноста на човештвото од добродетели. Погледнете со вашите внатрешни очи колку многу значи смирението и беспоговорната вера во Божјата промисла. Овие две свети личности, богоотците Јоаким и Ана, чиишто имиња се спомнуваат при отпустот на секоја богослужба во Црквата, ни оставиле еден прекрасен пример за тоа колку значајно, неопходно и спасително е христијанското смирение.

Многупати луѓето не ги забележуваат смирените души, затоа што овој свет нема духовни очи да ги забележи светите луѓе. Но тие, смирените и богопокорните, со своите молитви можат да направат навистина многу; можат да го променат светот. Една таква голема промена направиле и праведните Јоаким и Ана, кои, онемоштени од бездетството и стерилноста, сета своја вера и надеж потполно ја предале во рацете на човекољубивиот и сезнаен Бог, смирено и молитвено поминувајќи го својот живот. Не ни помислувале дека тие ќе бидат родителите на Богоблагословената, на Онаа преку Која ќе дојде Спасението на светот. Исто како што ни Богородица, Којашто деноноќно живеела во храмот, не знаела дека ќе биде Мајката на Синот и Словото Божјо. Затоа што живеела во длабоко смирение. Од светото предание за нејзиниот живот знаеме дека, кога Таа ги читала зборовите на Светиот Пророк Исаија каде што вели: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануил (Иса. 7,14) – се молела да ѝ биде слугинка на онаа којашто ќе Го роди Месијата. Какво неискажливо смирение!

Роденденот на Пресвета Богородица, мили мои, нѐ поучува дека со смирението се стигнува до небесните височини. Да не беа нејзините смирени родители да ја однесат во храмот и да ја предадат во рацете на Бога, не ќе можеше да израсне таков Божествен крин. Ова им остава на родителите пример и завет како да ги воспитуваат своите деца и колкава одговорност, всушност, имаат тие за своите рожби. Впрочем, воспитанието на детето започнува уште од предците. Вечерва, од песнопенијата напишани од нашите пресвети отци на Црквата, слушнавме за Дева Марија, „Царицата и непорочната невеста на Отецот“, дека „израсна од коренот Јесеев“, „Ќерката Давидова“. Прататкото Јесеј, таткото Давидов, живеел стотици, стотици години наназад, пред Богородица да израсне како најпрекрасен девствен крин од сите праведници.

„Длабоката духовна содржина го прави денешниот празник тесно поврзан со семејството и со неговите вредности. Ни покажува дека семејството е мала црква, храм во кој треба да се одгледуваат христијанските добродетели. Дева Марија станала Богородица токму во храмот, каде што секојдневно се поучувала во Светото Писмо, се просветувала од свештениците, живеела со Ангелите. Затоа и се издигнала во наднебесните духовни височини и се удостоила да се нарече Мајка Божја. Но, за да дојде до тоа, нејзините родители ѝ го оставиле во наследство најсветото: верата во Бога и непорочноста. Следствено, и денешните родители траба да внимаваат што им нудат на своите деца. Ќе ги носат ли во православните храмови, давајќи им го единственото вистинско богатство – верата во Христа, или, пак, ќе им понудат развратен букет од секакви страсти и сластољубија, тешко ранувајќи ги нивните души уште од младешка возраст. А денес, тавки лажни букети ги има насекаде и во изобилие. Особено лесно се достапни преку техниката, преку мобилните телефони, компјутерите и таблетите, коишто просто ја заробуваат и разоруваат душата на детето. Како духовник сум сведок какви тешки психолошки повреди трпат денес децата, затоа што родителите не внимаваат како ги воспитуваат и што им нудат. За жал, многу млади завршуваат и на психијатри токму поради овие нешта. Затоа, ќе повторам уште еднаш: потребна е голема внимателност при употребата на современите технолошки средства.

Ваше Високопреосвештенство, Ви благодарам уште еднаш што благословивте да говорам пред Вас и што покажавте трпение да ме ислушате. Сега би сакал јавно, пред сите да раскажам за едно чудо на Пресвета Богородица што се случи во овој манастир пред 25 години и е поврзано токму со нашиот почитуван владика, а како поука за тоа што значи архијерејското просветление и свештеничкиот благослов. Имено, во месец април, 1995 година, со мои другари од Битола решивме да прошетаме до Охрид, патем и да го посетиме овој Манастир и да се поклониме на чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска.


3.angeli.so.truba

Пресвета Богородица – Крнинска


Во дворот, пред да влеземе во храмот, се сретнавме со владиката, кај параклисот на Свети Николај. Дедо Тимотеј ме познаваше уште од богословските денови, знаеше дека сум живеел на Света Гора, дека таму станав расофор и дека го љубам монашкиот живот. И како што за него е својствено, со малку строгост, ме праша: „Па, каде си ти? Кај шеташ? Што правиш во животот? Треба да бидеш в манастир, ти си живеел на Света Гора, веќе си расофор, а такви луѓе ѝ се потребни на Црквата кај нас“. Тогаш јас, млад и малку горделив, се насмевнав и му одговорив дека доколку повторно се вратам во монаштвото, ќе отидам или на Света Гора, или, можеби, во Романија, кај Старец Клеопа, кого лично го посетив и ми остави голем впечаток. Дедо Тимотеј, со уште построг тон, ми рече: „Мх, такви сте вие, младите. Кога не знаете и не сакате да му служите на својот народ и на својата Црква, тогаш одете служете им на другите народи“ – и си замина.

Потоа, влеговме во храмот, се поклонивме на иконата и на излегување, мајка Агнија – Бог да ја прости и вечен ѝ спомен – го отвори прозорецот од источниот конак и со својот српски дијалект ме повика: „Зоране, доћите, владика вас зове“. Така, отидовме на ручек со владиката. Јадовме што јадовме и на излегување владиката повторно пророчки ми рече: „Внимавај што ќе правиш, дете. Ако сакаш да станеш монах, ќе добиеш манастир лавра“. Тогаш не можев ни да претпоставам на што точно мисли владиката. Се поднасмевнав малку и заминав. Кога се вратив дома дури и на моите родители со насмевка им раскажав за разговорот со дедо Тимотеј, за тоа дека ми спомна некаков манастир – нешто што во тоа време не ми паѓаше на памет.

Но, што е важно во овој разговор и зошто го раскажувам во детали? Всушност, во тој период во мене се беше оладило срцето за монаштвото и замислете, мојата молитва кон Богородица тогаш, кон таа чудотворна и света икона, на која Богомајката со својата рака покажува кон Христа – беше да ми го покаже мојот животен пат. И ете, само неколку минути подоцна, преку владиката Таа навистина ми го покажа, иако тогаш не можев да го сфатам тоа. Ова се случи во месец април, за во месец јули, истиот дедо владика Тимотеј да му рече на еден мој школски другар кој тогаш беше негов референт, да ми се јави по телефон и да ме повика во охридската Митрополија. На таа средба, кога со помош на Божјата благодат веќе бев решен да станам монах, дедо Тимотеј ми соопшти дека ќе ме прати во Бигорскиот Манастир. Богородица, значи, која е заштитничка на монаштвото, ми го навести ова, преку мојот владика, месеци порано.

Ја раскажав оваа случка за да се потсетиме дека Божјото просветление најсилно дејствува преку духовниците во Црквата, преку архијерејот, свештеникот, духовникот. Затоа ние никогаш не смееме да го осудуваме црковниот клир, ниту да примаме помисли против архијереите, свештениците, монасите, затоа што тие се органи на Светиот Дух, Кој ги раководи и просветлува. Тогаш можеби и дедо Тимотеј не помислувал што ќе се случи со мене, но Богородица на Која искрено ѝ се помолив, му потшепнала да ми го каже тоа што ми го кажа.

Да ја молиме Пресвета Богородица, мили мои, нашата Патеводителка. Еве, нејзината икона на овој иконостас така и се нарекува: ‘Одигитрија’ што значи Патеводителка, бидејќи со својата пречиста рака Таа постојано покажува кон својот Син. Нека Таа, Себлагословената, секогаш ни Го покажува и нам и на другите, Христос, Кој е Патот, Вистината и Животот (Јован 14,6).

Амин!

 

 Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/episkop-partenij/smirenata-bogomajka-koja-ni-go-pokazhuva-patot-vistinata-i-zhivotot/

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная