Роденденска честитка: Црковен и иницијативен одбор при храмот „Успение на Пресвета Богородица“ с. Велестово
Со голема љубов во Христа и со особена почит кон мисијата што ја правите меѓу народот во овие 15 години, ви го честитаме овој јубилеен роденден, посакувајќи ви уште многу години плоден труд на нивата Божја за слава на Неговото свето име.
Нека преблагиот и семудар Учител наш, Господ Исус Христос и понатаму раководи со сите ваши дела во полза на нашата Света Црква и за доброто на овој наш христољубив народ. На многаја лета!