логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 HRISTOS.Voskres

о. Горан Стојчевски
ВОСКРЕСЕНСКА НАДЕЖ – СВЕТА, СОБОРНА И АПОСТОЛСКА


Јас дојдов за да имаатживотвечени да имаат изобилие (Јован 10, 10).


Сега Бог, изворот на надежта, нека ве исполни со радост и со мир заради вашата вера во Христос, а вашата надеж нека продолжи силно да расте и да се поткрепува од силата на Светиот Дух (Рим. 15, 13).


Посебно или издвоено не може да се пишува или да се спомене надежта во литургиско-аскетскиот подвиг на секоја личност или соборно во Телото Христово – Црквата, а без да се споменат верата и љубовта. Бидејќи, ако верата е почеток на спасението, како што стои на многу места во Светото Писмо, и ако е првиот чекор исчекорен во покајанието или очистувањето на срцето од страстите, како што низ својот живот го потврдиле мноштво светители или поточно сведители на Светото Предание, тогаш надежта е средишниот чекор, или исполнување на верата, уверување во ветувањата Божји, од Авраама, па до денешните усвојувачи на Евангелието во нивниот живот и личносно-соборен подвиг во Црквата. Чекор помеѓу верата и љубовта е просветлување на умот, кое треба да води кон полнотата на обожението, љубовта која е самиот Живот на Света Троица, како што вели св. Григориј Ниски. Верата, надежта и љубовта не се само обични зборови кои опишуваат чувства: чувство на уверување на приврзаност, или чувство на оптимизам, ниту, пак, чувство на исполнетост со убавина без зборови, туку сите се поврзани со Личноста на Господ Исус Христос. Секако верата, надежта и љубовта не можат да го опишат она што не може да се опише, или да го достигнат недостижното, Каков што е Самиот Бог но, се сведоштво за присуството на Божјите енергии кои неизмерно се излеваат на човекот и светот, а од нас опишани во конкретниов случај како вера, надеж и љубов, потребни за реализацијата на човек како човек, не самиот по себе, туку во Бога, да постане подобие според образот што го носи на својот Создател, да се уподоби според мерката од растот Христов. Христос не само што е исполнување на Законот и Пророците, т.е. верата, Он е исполнител и на надежта, откако ги изврши сите потребни искупителни дела на спасението: крстот, гробот, тридневното воскресение и вознесувањето на небесата, туку и уште и второто и славно Пришествие, навестувајќи го со зборовите, Јас дојдов да имате вечен живот и изобилие. Нема потреба да споменуваме дека сè од Бога и во Бога, за човекот и светот е извршено од љубов, преку љубов и во љубов, од Отецот преку Синот во Светиот Дух. Или, како што потсетува Црквата низ стиховите: надеж моја е Отецот, прибежиште Синот, покров мој е Светиот Дух.

HRISTOS.PRICHEST1


Да се задржиме на, ако може така да се каже, „една“ од клучните надежи во црковниот живот: во литургискиот подвиг тоа е надежта во воскресението и вечниот живот, надежта заради која, како што сведочи апостолот Павле, е изведен пред судот (Дела 23, 6). Со таа надеж ги примаме воскреснатите Тело и Крв Христови, причестувајќи се со надеж и за наше воскресение во Христа, бивајќи еднокрвни со Него, а воедно споменувајќи ги и нашите ближни кои се упокоиле со таа надеж за воскресение и живот вечен. Основниот аспект на надежта има литургиска смисла за сите што својата вера ја положиле во надежта на ветувањето од Бога, но секако, надежта има и аскетска смисла, како што вели преп. Јосиф Исихаст: „ако во најмала опасност губиш надеж и очајуваш, сè уште не си стекнал вера, а со тоа и надеж во Бога“. Согласно сведоштвото на овој подвижник, верата и надежта се тесно поврзани, се надополнуваат и се исполнуваат, или губат ако се издвоени. Нема да имаме ниту дела на љубовта, ако немаме вера и надеж. Како што постот и молитвата се неразделни, како што се љубовта и довербата, така се и верата, надежта и љубовта, и истиот Старец продолжува: „не смееме да заборавиме дека, и доблесните дела, доколку не се направени од вистинска причина, стануваат зли. Против мрачните сили не се бориме со колачиња и со алва, туку со солзи, душевна болка до смрт, крајно смирение, големо трпение и непрестајна молитва“. Нашата надеж, издвоена, нема да ни користи, како што ни нашата вера, ако не е покриена со љубов (1 Кор. 13), љубов кон Бога, љубов кон ближните, и сето тоа покриено со Љубовта која се излева врз нас како благодатни енергии, со што повторно, во еден заклучок, можеме, напросто во едноставност, да согледаме, како што вели светителот за надежта, која е израз на верата, насочена кон љубовта, „земјоделецот ја ора нивата, ја чисти, ја сее и чека милост Божја. Ако Бог не испрати дожд и поволен ветер кога се потребни, макотрпната работа е залудна. Исто е и со нас. Ако Бог не ни ја испрати благодатната вода за очистување, лишени сме од плодовите, а нашата работа им станува храна на демоните, бидејќи ги привлековме со своите страсти и ништо нема да ожнееме“. Трудот на верата, или надежта е невозможна без посета на љубовната благодат Божја која исполнува сè во сè, „ниту оној, кој сади, е нешто, ниту, пак, оној, што полива, а сѐ е Бог, Кој прави да израсне“ (1 Кор. 3, 7).

HRISTOS.PRICHEST

Зборовите на апостолот во овој текст укажуваат дека Бог е изворот на секоја надеж, како што е извор и на верата, како што е извор и на љубовта, дадена во Христа Исуса за слава на Бога Отецот, во силата на благодатта на Светиот Дух. Затоа, исполнувајќи го ветувањето за испраќање на Светиот Дух, на Педесетница, во Црквата која е исполнета и раководена од Светиот Дух, се исполнува сета наша надеж во Отецот, која ни е дадена во Личноста на Богочовекот, и која личносно ја усвојуваме во делата на љубовта преку непрестајната молитва со Неговото име, а соборно потврдувајќи ја преку причестувањето со Неговите Тело и Крв... тоа дело на љубовта: молитвата, исповедта и постот, милосрдноста треба да бидат наш непрестаен труд, поткрепен од Бога со надеж за воскресение и живот вечен. Амин.

п.с. Надежта последна умира, се вели во светот, а нашата надеж е воскресната и нема да умре.

 

Извор:

ПРЕМИН бр 145/146

21ви септември 2020 лето Господово

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная