логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Митрополит г. Тимотеј


Проповед на Митрополит г. Тимотеј за Рождеството на Пресвета Богородица



 3.angeli.so.trubaДенеска сета вселена ја прославува појавата на најсовршеното Божјо создание во светот. Со голема радост како земната, така и небесната Црква ја прославуваат неневесната невеста. За неа ликуваат и торжествуваат и ангелските чинови, воспевајќи ја со зборовите: „Радувај се благодатна!“ Која е оваа Царица небесна, која е прва по Бога и после Бога? Со нејзините совршенства ја надминува и пламената љубов на архистратизите Господови. Со чистотата и непорочноста, таа го надминува духовниот свет, а со силата и моќта е помала само од Седржителот.


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie