Прашање од В.С.
И понапред Ви се имам обратено за одредени теми и Ви благодарам на брзите одговори.Сега повторно , пак поради ќерката имам прашање, или повеке молба за објаснение.
Имено, моите родители се во село Слоестица каде се слави Св.Богородица.На тој ден рано наутро, татко ми сака да подари јагне за здравје на мојата керка. Наидуваме на многу разлицни одговори и објаснуванја за овој вид дар кон цркавата.Едни велат паганско е да се дарува, други велат дека дар мозе.Ве молам да ми помогнете, да ми даде појаснуванје дали мозе да се дарува јагне на цркавата за здравје за дете, и ако да, ве молам за објаснение како тоа се прави правилно христијански.
Ви благодарам однапред на одговорот,
Со почит,
В. С.
Одговор:
Во поранешните времиња, христијаните кои сакале некако да го помогнат манастирот или црквата, давале дел од тоа што имале. И тоа било без разлика на што, да си искористи во полза на сите и на се. Меѓутоа , за жал, денес таквиот добротворен прилог почна да се испревртува и се воведуваат некои пагански ритуали и верувања кои го воведуваат човекот во паганизам и суеверие. Со појавата на таканаречениот курбан луѓето почнале да принесуваат крвни жртви милсејќи дека принесуваат на Бога, понижувајќи ја со тоа Христовата крсна жртва. Значи ставот на Светата Црква и вистината е дека Христос беше последната крвна жртва која го искупи светот од своите гревови и надевајќи се во неговата смрт и воскресение, се спасуваме. А секакво различно учење е ерес, или друговерие. Доколку се сака да се принесе некој дар на црква или манастир, секако дека е благословено, но само доколку оној што подарува не прави проблеми, дарот да се искористи во соодветни цели кои ќе послужат на светињата, то ест, доколку манастирот има потреба од овци, или од било кој предмет да го зачува, а доколку нема, да се продаде и парите да се искористат во благодушна и богоугодна цел. Само така дарот и трудот се благословени од Бога. Бог да ве благослови и укрепи што се трудите и ја барате вистината, и да ви помогне по тој пат. Амин!
|
Одговара: Презвитер Ивица Тодоров |
ОДГОВОР: Иако писмото на почитуваниот брат нема во себе некое директно прашање, тоа на еден интересен начин е полно со свои внатрешни прашања и одговори. Всушност, како што јас го доживувам писмото, братот длабоку навлегол во својот внатрешен дијалог, кој всушност е монолог, и еве јас се нудам тој монолог да стане еден конструктивен дијалог, или како што си велиме ние, муабет. А муабетот од моја страна би го започнал со еден пример од поуките на авва Доротеј. Примерот гласи вака:
Во шестото слово од своите ″Поуки″ авва Доротеј го вели следното: Представете си круг, нацртан на земјата. Неговото средиште е центарот, а правите линии, кои излегуваат од него кон границите на кругот, се радиусите. Сега, вникнете во тоа, што сакам да ви го кажам! Да претпоставиме дека овој круг е светот, а неговиот центар е Бог. Радиусите, односно, правите линии, кои водат од границата на кругот кон неговиот центар се патиштата на човековиот живот. И сега, во колкава мера светиите навлегуваат во кругот за да му се доближат на центарот, односно, на Бога, во толкава мера, според доближувањето, се открива дека му стануваат блиски на Бога, но и еден на друг. Значи, колку му се приближуваат на Бога, тие толку повеќе се приближуваат еден до друг, и колку повеќе се приближуваат еден до друг – толку повеќе се приближуваат кон Бога. Истото ова се однесува и за одалечувањето. Кога се одалечуваме од Бога и се враќаме нанадвор, накај границите на кругот, па и надвор од нив, очевидно, во иста мера се одалечуваме од центарот, односно, од Бога, но и се одалечуваме помеѓу себе. И колку повеќе се одалечуваме помеѓу себе, толку повеќе се одалечуваме и од Бога. Таква е и природата на љубовта – колку повеќе се наоѓаме надвор од Бога и немаме љубов кон Него, толку повеќе им стануваме туѓинци на нашите ближни. Но, ако го возљубиме Бога, и ако со својата љубов непрестано му се доближуваме – толку повеќе, во истата таа љубов, ние стануваме едно со нашите ближни – и колку повеќе го остваруваме љубовното единство со нашите ближни, толку повеќе го остваруваме и своето единство со Бога.