Прашање од Анета Н.:
Дали после разводот може да се венчам пошто јас сам разведена. И дали тоа е грев?
Прашање од Тања : Дали постои и ако постои, кој е тој светец кој е заститник на бракот, па во добро, а особено во лошо молитвено да му се обраќаме?
Одговара: П.П.
Прашање од Дарко:
Срдечен поздрав до сите.
Веќе подолго време ме мачи совеста околу исправноста на мојот брак.Се работи за следново. Моите родители се кумови и пред 5 год.извршија венчавка.Од невестата прва братучетка сега ми е сопруга.Дали постои некаков спор околу бракот, мислам на степенот на блискост.Јас веќе имам и син со мојата сопруга и мислевме дека тоа што сме заедно е исправно.Ве молам за одговор и однапред ви благодарам.Господ да е со вас.