логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

3 -ти јуни 2018 г.

Велик е споменот што денес нашата света Црква го слави, зашто велики се и славениците на овој ден. Го прославуваме, имено, споменот на великите и рамнопостолни цар Константин и неговата мајка – царица Елена. Нема да се задржиме на нивните блескави житија, ниту на нивното епохално дело за Христијанството, нито, пак, на тоа како тие двајца ја украсиле сета земја со чудесни храмови Божји. Но ќе обрнеме внимание само на едно собитие: победата на Свети Цар Константин, кога како победоносно знаме го издигнал знакот на Чесниот Крст. Добро познато е неговото видение пред битката на Милвијскиот мост крај Рим, кога високо на небото, тој и неговите војници го здогледале знакот на Крстот, изобразен во светлина, како од безброј ѕвезди и слушнале глас: „Со ова победувај“. За овој чудесен и за историјата на човештвото пресвртен настан, нѐ известува личниот биограф на светиот Цар, Евсевиј Кесариски:

„Започнал, значи, (цар Константин) да Го призива (Бога) во молитви, просеjќи и со солзи молеќи се, да му се јави Кој е и да му ја простри Својата десница во претстојните дела. И додека се молел така и усрдно просел, на василевсот му се појавил некое најзачудувачко, Божествено знамение, така што и да се поверува не би било лесно, доколку би говорел некој друг. Но нас со клетва нѐ увери во тоа самиот победоносен василевс, кога долго после тоа ние го пишувавме ова дело, удостојувајќи се на неговото познанство и разговори; и згора на тоа, кој би се посомневал во вистинитоста на ова сказание, особено кога времето што следеше потоа ја посведочи неговата вистина? Одеднаш, во попладневните часови од денот, кога сонцето веќе заоѓаше – говореше василевсот – тој со сопствените си очи го видел на самото небо, над сонцето, трофејот на крстот составен од светлина, со натпис: Со ова победувај!‘ Од тоа видение бил ужаснат самиот тој, а и целата негова војска, која го следела на овој поход и станала сведок на чудото. И така, наоѓајќи се во недоумение, тој се прашувал себеси што би можело да значи тоа јавление? Додека се чудел и размислувал долго за ова, настапила ноќта. Тогаш во сон му се јавил Христос Божји, со појавеното на небо знамение и му заповедал да направи изображение на знакот што го видел на небото и да го употреби како заштита од нападите на непријателите“ (Eusebius, Vita Constantini, 1,28-29).   

Во продолжение, победата на Свети Константин Велики, што како амблем и трофеј го имала знакот на Крстот, веднаш била протолкувана како победа на единствениот вистински и семоќен Бог, Бог на Христијаните. Оваа победа станала причина да поверуваат во Христа многу души и набрзо прераснала во силна проповед во сите краишта на земјата. Како нејзина последица било и донесувањето на Миланскиот едикт од 313 година, со кој на Христијаните им се дала слобода и рамноправност да ја исповедаат својата света и спасителна вера. Но оваа победа ни ја оставила на сите нас и Божјата порака да го победуваме злото, видливото и невидливото, мисловното и сетилното, со силата на Крстот на Господ наш Исус Христос.

„Со името Исусово поразувај ги непријателите“ – советува Св. Јован Лествичник. Топлото и срдечно повикување на името Христово, со молитва и благодарност, со надеж во Него и во силата на Чесниот Крст, ги оддалечуваат од нас силите на гревот и распадливоста и нѐ воведуваат во тајните на љубовта Божја.

Молитвите на Светите Рамноапостолни цар Константин и царица Елена да нѐ закрилуваат од секакво зло и да нѐ приведуваат во прегратките на Црквата Божја, во рацете Христови!

 

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/so-ova-pobeduvaj/

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Православен календар

 

04/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Св. маченик Јулијан Тарсиски; Преп. Јулиј и Јулијан; Св. маченик Арчил II цар Грузиски; Св. маченик Луарсаб II, кнез Карталински во Грузија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная