Охрид, 20ти септември 2020г.- храм Успение на Пресвета Богородица, н. Каменско
Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 4:6-15
6. Оти Бог, Кој некогаш заповеда од темнината да изгрее светлина, Он ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исуса Христа светло.
7. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да Му се оддава на Бога, а не нам.
8. Во сe сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж;
9. нe гонат, но не сме изоставени; нe кутнуваат, но ние не загинуваме.
10. И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.
11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело,
12. така што смртта да дејствува во нас, а животот – во вас.
13. Имајќи го, пак, тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверува и затоа зборува”, и ние веруваме, па затоа и зборуваме,
14. знаејќи, дека Кој го воскресна Господа Исуса и нас ќе нe воскресне преку Исуса и ќе нe постави со вас.
15. Зашто сe е заради вас, та благодатта, откако се преумножи, преку мнозина да произведе уште поголема благодарност за славата Божја.
На 20ти септември2020 година, во петнаесетата недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Светите апостоли Евод и Онисифор, свештеникот Блажевски Ѓорѓи отслужи Божествена Литургија во храмот на Успение на Пресвета Богородица, во Каменско. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа, за Евангелието, за нашиот личен крст да со радост и смирение го носиме, за Крстот Христов: Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја. 19. Зашто е напишано: „Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на разумните.”(апостол Павле до Коринтјаните 1:18-24)и пресојниот празник
Поука на денот:
Свети Теофан Затворник
Ниеден грев не е повообичаен од осудувањето, но ниеден грев не е ни поопасен.
Преподобен Ор
Озборување е смрт на душата.
Преминпортал (к.т.)