Simeon Stefkovski
rnSosoetpdlagh1g21u59390tg2778ih7c1u46f7muuhl22i7l0uitc9604h ·
БОЛКА ВО ТЕЛОТО ИЛИ ДУШАТА
Најчеста причина за посета на доктор е појава на болка. И пациентот и лекарот очекуваат тоа брзо да се среди, бидејќи лекарот посветил повеќе од деценија од својот живот на едукација, а технологијата ги донесе врвните апарати за дијагностика. Но, како минуваат годините, сфаќаме дека наместо да ни се разјаснат и потврдат знаењата во медицината, сè повеќе се сплеткуваме во една група на нарушувања во која ниту пациентите ниту лекарите се задоволни.
Телото е физичка структура на една личност составено од повеќе системи и секој најмал дел од човековото тело детално ни е познат како анатомски така и функционално. Совршенството на градбата на човековото тело не значи ништо доколку тоа е без нематеријалното, невидливото, бесмртното нешто кое ја дава моќта на животот - неговата душа. И најсовршените органи ако се подложат на силни стресни импулси може да доведат до нарушување на физичко здравје. На сите ни е позната латинската изрека „mens sana in corpore sano" односно здраво тело здрав дух.
Можноста емоционалниот стрес да предизвикува болест за прв пат ја нагласил грчкиот лекар Claudius Galen. Концептот на холизам го предложиле Аристократ и Хипократ во Грција со тврдење дека умот и телото се неразделни и интегрирани и при изучување на една болест мора да се земе во обѕир цела личност (со тело и душа), а не само засегнатиот дел од телото. Но, во 17 век во Западна Европа филозофот Rene Descartes го поддржал дуализмот каде се сепарираат умот (res cogitans) и телото (res extensa), односно духовната и материјалната супстанција. До тој период била забранета обдукција на телото заради духот кој перзистирал внатре, но со дуализмот започнале дисекции на телата со кои навистина се откриле нови болести и нови третмани на истите. Но, и покрај тоа, останале голем број на болести од необјаснета природа и причина. За тие пациенти во 17 век верувале дека се демонизирани или ментално болни. На тоа следело отфрлање од нормално функционирање во општеството.
Во 20 век започнале првите експерименти кои докажале поврзаност на стресната состојба врз појава на стомачни тегоби, нарушување на функцијата на дигестивниот систем и појава на гастроинтестинални симптоми.
Причината за појава на мултипли стомачни симптоми предизвикани од стрес е многу комплексна: нарушување на мотилитет, висцерална преосетливост, нарушување на имуниот систем во цревата, нарушување на бактериската флора, нарушување на оската мозок стомак.
Оската мозок - стомак е комплекс од интеракции чија улога е мониторинг и интегрирање на функцијата на интестиналниот систем и неговото поврзување со когнитивните и емоционалните центри на мозокот, активирање на периферните интестинални функции и механизми како активација на имуниот систем, интестинална пермеабилност, ентерични рефлекси и ендокринолошки промени. Оваа сложена поврзаност ги активира централниот нервен систем, автономниот нервен систем, ентеричниот нервен систем, хипоталамус, хипофиза и надбубрежна жлезда. Значи дека со стрес од која било природа или емотивна реакција започнува еден комплициран процес на лачење на различни супстанции кој на крај завршува со лачење на кортизол како главен стрес хормон кој има големо влијание на многу органи вклучувајќи го и мозокот. Мозокот потоа делува на интестиналните клетки кои потоа влијаат на микробиотата нормалните бактерии во цревата. Микробиотата е докажана како важен фактор во здравото ментално здравје. Докажана е дисбиоза (нарушување на балансот на цревните бактерии) кај пациентите со аутизам, кај пациентите со депресија, анксиозност, нарушување на расположение, кај функционалните гастроинтестинални нарушувања. Студиите докажаа дека пробиотиците (цревни бактерии) го редуцираат стрес - индуцираното ослободување на кортизол, намалување на анксиозност и депресија кај пациентите.
Стресот доведува до нарушување на дигестивниот систем и со множење на лоши бактерии во дигестивниот систем.
Во областа гастроентерологија „болестите" предизвикани од стрес се нарекуваат функционални нарушувања. Тоа е една долга листа на дијагнози кои носат сериозно загрижување кај пациентите за сопственото здравје. Тие се голем проблем и за здравството бидејќи се прават многу голем број на испитувања, скапи и инвазивни прегледи и на крај сите резултати се со нормален наод. А, пациентот не е добар. Болките и останатите непријатни симптоми перзистираат. Стравот од болест е тука, страв од неизвесност е тука, неверувањето во лекарите е тука. И повторно една неизлезна состојба - circulus vitiosus.
Дел од симптомите на тие нарушувања се: стегање во гради, печење во гради, рефлукс, чувство на страно тело во грлото, отежнато голтање, болка и печење под и во предел на градната коска, чувство на прејадување, подригнување, гадење, повраќање, враќање на храната од желудник во уста, нервозно дебело црево, дијареја, опстипација, дување на стомак, болка во стомак, неволно испуштање на фецес, болка во анален сфинктер.
Најголем дел од пациентите се млади, работоспособни и овие тегоби им го нарушуваат квалитетот на живот. После направените испитувања кои се уредни, според светските протоколи се даваат лекови за намалување на симптомите, но и лекови кои влијаат на мозокот. Нели мозокот е причината за тие тегоби? Секако органскиот систем не е. Ние како лекари кога ги следиме протоколите, лекуваме преку отстранување на причините за болести, па се препишуваат антидепресиви. И се смирува пациентот ментално, се намалува стресот навидум. Се стишува телото привремено.
Но, до кога ќе трае тоа и каде е душата во целата оваа оска? Секако не сака антидепресиви и мешање на некои мозочни супстанции.
Кога душата ќе се оддалечи од својот креатор - Бог, се јавува еден душевен вакуум, губење на верата во Господ и одење по патеката на гревот. Колку повеќе душата го губи правилниот правец, толку повеќе се заглавува во мрак. И имаме здраво тело, болен, расцепен, распаднат ум, вознемирен нервен систем, дузина симптоми. А Лекарот над сите лекари чека да го повикаме. И по неговата милост душата ќе добие мир, тишина и спокој, ќе ги смири сите бурни реакции на телото, ќе исчезнат излачените хормони и хемиски супстанции.
д-р Виолета Христова Јаниќ, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по гастроентерохепатологија, доктор на медицински науки
Текстот е поместен во 179/180 број на списанието "Премин" - магазин за духовни вредности
"Ко није злобан, савршен је и предан Богу;
Испуњен је радошћу и у њему борави Дух Божији.
Ако злобу пустиш у своје срце, погубиће твоју душу,
обешчастиће твоје тело, и подметнуће ти много лажних помисли,
унеће у теби немир, раздор, мржњу, и све штоје погубно за душу и мир у срцу.
Пожурите да стекнете доброту и простосрдачности светаца, да би вас Господ наш Исус Христос примио
к Себи, и да би сваки од вас могао рећи -
''Примио си ме као незлобива и поставио ме пред
лицем Твојим за навек .''
Псал.40,13."
Свети Антоније Велики
Свети Јован Дамаскин
rSosoentpd743much02ct112t783a906ah7m5m084tct54aag697i485h0u1 ·
ХРИСТОС ОД НАС ОЧЕКУJЕ ВЕРУ
Блажена старица Макрина Васопулу, игуманија манастира Панагије Одигитрије близу града Волоса, духовно је чедо старца Јосифа Исихасте (+1959) и старца Јефрема Филотејског (Аризонског)
Сама старица је причала сестрама о овом свом духовном искуству: „Улазили смо у храм после васкршње литије, и тек што сам се поклонила пред иконом, одједном сам осетила као да је свето Васкрсење ушло у моје срце и испунило га. Слушала сам унутар себе васкршње Јеванђеље, мада га свештеник још није читао, и губила свест. Нисам схватала шта се са мном збива. Када сам се освестила, то јеванђелско слово стајало је у мојим ушима, пребивало у мом срцу. Осетила сам такву ситост, као да сам јела јаја, сир, месо из читавог света. Не знам колико сам времена била у несвести. Те речи запечатиле су се у мојој души. Слушала сам тај предивни глас читаве васкршње службе и те јеванђелске речи давале су ми ситост. И онда ми је дошла помисао: ‘Дакле, изгледа, овакву ситост осећају оци у пустињи који ништа не једу’.
Иако сам за Страсну седмицу била исцрпљена од поста и уздржања, ипак сам осетила херкуловску снагу у себи. А када ми је духовник казао: ‘Христос воскресе!’, у души сам осетила још веће духовно богатство. Када сам се причестила, то засићење је достигло своју границу. Кренула сам кући. Нити ми се јело нити пило. Сестра од стрица ме је позвала на ручак... Али како да јој кажем да сам ‘јела’? Пошла сам, али ниједне кашике нисам могла окусити... Право је речено у Јеванђељу да не живи човек само од хране, него и од благодати Божје. Говорим вам да сам, у славу Христову, осјетила благодат Његову ради поднете глади, патња и невоља. Бог ми је дао да схватим чему води овдашња немаштина, и какво добро човеку доносе молитва и уздржање!“
Из књиге РЕЧИ СРЦА