Светиот Јован Шангајски е Христов апостол, угодник, пастир, литург, светител, просветител, ревносен мисионер, автетичен сведок и примо – предавач на апостолското предание помеѓу емигрираните Руси и сиот Божји народ.
Роден е на 04 јуни 1896 година во малата населба Адамовка (Харковска губернија), во православното благочестиво семејство на Борис и Глафира Максимович, со крстено име Михаил. Бил воспитан во вистински христијански дух, а особено се интересирал за историјата на својот народ.
Своето прво образование го здобил во Полтавскиот Кадетски Корпус, а истото го продолжил на Правниот факултет во Харков, каде се преселил со своето семејство и се запознал со о. Антониј Храповицки (Харковски архиепископ и нивни голем семеен пријател и духовник). Средбата била клучна и од големо значење.
Целосно, прочитајте го житието на свети Јован Шангајски тука. Во продолжение, ви го предложуваме новиот филм на студиото „НЕОФИТ“ од едицијата Старци. Јован Шангајски:
[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=3skoNrxh_84[/youtube]
ИзворЧ Преспанско- пелагониска епархија