Човек никад није задовољан оним што има, јер душа није створена за овај свет и земаљске ствари га никада не могу успокојити.
Старац Пајсије Светогорац
Свети грчки старци - Порфирије, Пајсије, Јаков -
Православие.Мк †
norpodseSt9hu70l21g9fi1g2h00a4hu83g81ca5c689c3ligha9luuil375 ·
Лоши нерви?
Што значи тоа ?
Дали можеби тоа не е од лоша помисла? Најдобро од се' е добрата мисла.
Еден човек изградил куќа на мирно место. Подоцна направиле голема гаража за поправка на коли од едната страна, ископаа пат од другата страна, а од третата отворија ресторан со музика. Свирки и врева до полноќ. Кутриот, не можел да заспие: ставал чепчиња во ушите, почнал да пие лекови за смирување. За малку ќе полудел.
Тој дојде кај мене: „Старче, вака ми се случува, -ми вели- никогаш немаме мир. Што да правам ? Размислувам да изградам друга куќа.“
„Пробај со добромисла“, му велам. „Размислувај вака: ако има војна, ќе поправаат тенкови во гаражата, до неа е болница, па секој час ја слушате сирената на брзата помош што ги носи ранетите, а тебе ти велат: „Само остани овде. Овде си безбеден, нема да те допреме, Слободно можеш да излезеш од дома само во овој круг, каде што се овие згради, бидејќи таму ништо нема да те удри“ или „остани дома, никој нема да ти пречи“.
Дали тоа би било премалку? Зарем не би го сметале тоа за благослов? Па сега кажи: „Слава Ти Боже, што нема војна, што луѓето се среќни и здрави и секој си ја работи својата работа“.
Во гаражата, наместо тенкови, луѓето си ги поправаат автомобилите. Слава Ти Боже, нема болница, нема ранети итн.
Не поминуваат тенкови. Поминуваат само автомобили, а луѓето одат на работа.
Ако негувате такви мисли, мирот ќе дојде подоцна. Кутриот разбрал дека основата на се' е како приоѓаш на работите и си заминуваш задоволен.
Полека, со помош на добри мисли, правилно се соочил со својот проблем, ги фрлил таблетите и почнал мирно да спие. Дали гледате како една добра мисла може да стави сè во ред?
Старец Паjисј Светогорeц