Руските црковни медиуми деновиве ја објавија веста за чудото што се случило со младиот Кирил, на кого му бил дијагностициран најтежок стадиум на детска церебрална парализа. Имено, откако лекарите констатирале дека се работи за безнадежен случај, на родителите им останало само смирено да го носат крстот и да се надеваат на помош од Бога. Тоа и се случило.
Во рамките на православната служба на Јекатеринбуршката епархија (РПЦ-МП) редовно се организираат поклонички патувања во различни храмови од епархијата, а насочени кон олеснување на животот на малите пациенти и нивните семејства. Во март годинава, според распоредот, се планирало поклонение пред Фјодоровската икона на Мајката Божја, која била привремено донесена во епархијата.
Според очевидците, пристигнувајќи во храмот во кој била донесена чудотворната икона, малиот Кирил бил изваден од количката и на раце пренесен во црквата, затоа што за жал, немало соодветен пристап за лица со инвалидитет. Најпрво тој, заедно со мајка му и баба му, ја посетиле изложбата во Патријаршиското подворје, а потоа пошле да се помолат пред богородичнат Фјодоровска икона. За тоа време, се служел акатистот кон оваа икона. Бидејќи Кирил започнал да се вознемирува, мајка му морала да го изнесе надвор од храмот. Сепак, на крај се вратиле и ја целивале иконата, по што веднаш Кирил започнал да зборува: „Мама, мама, мама!“, биле неговите први зборови. Луѓето со солзи во очите го сведочеле ова чудо.
Истиот ден тој мирно легнал да спие, и за прв пат мирно ја преспал целата ноќ. Целото негово семејство е трогнато од ова чудо, и продолжува уште поусрдно да се труди да живее според евангелскиот идеал.
Извор: Православие.ру
Преземено од:Кумановско- осоговска епархија