логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Vinjeta.jpg

                             

  Радост и утеха на сите!

            Курско-Коренската икона “Знамение“ на Мајката Божја е една од најстарите икони на Руската Православна Црква. Во XIII век, за време на инвазијата од татарите, кои истото го доживееја сите во руската држава, најголема катастрофа ја доживеа градот Курск.

vozdvizenie.jpg

            На 8ми Септември 1295 година, на денот на Рождество на Пресвета Богородица,така поминувале мала чета на ловци во  близина на реката Тускора, 27 милји од Курск. Еден од ловците, во потрага по плен во шумата, најде мала икона, која лежеше во коренот од дрвото со лицето надолу. Кога тој се наведнал кон  иконата за да го види нејзиниот лик, од местото каде што лежеше, почна да извира голем извор со чиста вода. На местото каде што се појавила иконата и каде што протече изворот со вода изграден е параклис.

            По дознавањето за ова, принцот Василиј Шемјака веднаш наредил да се донесе иконата во Рилск. Целиот град излезе да ја поздрави чудотворната икона која се приближувала со литијата. Истиот принц,заради неверие, или сомневање, не  излезе на црвениот тепих. Заради ова тој беше казнет со слепило. Утврдувајќи ја својата вина и покајание, тој бил исцелен, и повторно му беше вратен видот. Во знак на благодарност Шемјака изгради храм, посветен на Рождество на Пресвета Богородица, бидејќи на овој ден, иконата беше воздигната.

            Оваа икона не остана долго време во градот Рилск. Три пати таа на чудесен начин исчезнувала од градот, а ја наоѓаа на местото каде што за птв пат се беше појавила, најдена од првиот ловец. Потоа, тука бил изграден нов параклис, во чест на иконата "Знамение" и останала тука цели 200 години, постојано правејќи чуда. За служење на молебни и слично беше назначен свештеник кој постојано беше покрај оваа чудотворна икона. Во 1383 татарите, го нападнале регионот Курск, свештеникот го затвориле, и параклисот бил изгорен. Но иконата останала во параклисот неизгорена. Тој свештекин, кој што бил таму, отец Боголеп им објаснил дека ова е чудо со оваа икона.  Потоа бесните Татари  иконата на пресекле на половина и двата дела ги фрлиле во различни правци.

            Некое време, по московскиот цар заробениот свештеник го купиле и  го донеле во Крим. Тој се вратил на местото каде бил параклисот, застанал, и по долго пребарување, со пост и молитва ги нашол двете половини од светата чудотворна икона.  Ги споил и тие самите се наместиле како цела икона, така што немало ниту трага од пресеченото, а само на делот каде се споиле имало нешто"како роса. " Иконата била сместена во новоизградената капела (параклис).

            Курск бил обновен во 1597, за време на владеењето на Теодор Иванович, а во исто време, на негова команда, иконата била донесена во Москва. Благочестивиот цар ја пресретнал иконата  заедно со патријархот Јов, со сиот свештенички собор, луѓето и сета армија на царот. Тој многу се молел пред неа и ја ставил на рамото, изобразувајќи го Господ Саваот и пророците, а Мајката Божја била со раширени раце со Својот Син Исуса Христа. Царицата Ирина Теодоровна за иконата направила раскошна риза околу целата икона околу сите четири страни и потоа иконата била вратена назад во својот параклис.

             Во истата година, со помош на царот, на местото на параклисот, кој бил изграден и посветен на Рождество на Пресвета Богородица, бил основан манастир, а на местото на животворниот Источник (тој е извор со вода од каде што се појави иконата) на иконата, била изградена уште една црква посветена на "Животворен Извор". Новиот манастир беше наречен Коренска пустина во спомен на појавувањето на иконата на коренот од дрвото.

            Во 1598, заради инвазијата на Кримските Татари во јужниот дел на Русија, чудотворната иконата била преместена за поголема безбедност во Курск, а во пустината бил оставен точен списот за неа. Во 1603,  Дмитриј ја зел иконата од Курск  во Путивл (Путовл е место како камп), а потоа и во Москва, каде што таа се наоѓаше во дворецот на царот до 1615 .Потоа таа се врати, по налог на царот Михаил Теодорович во Курск и  беше поставена во катедралната црква на овој град, и во 1618 - во соборниот храм, Знаменски манастир, изграден од страна на жителите на градот во знак на благодарност за спас од Полјаците. Повеќе време иконата беше во градот Курск, а во Коренската пустина каде што се појави беше кратко време. Од 1806 година, по мислење на императорот, констатирано е дека иконата треба да биде во Коренската пустина  во петок, 9-та недела по Пасха и пред 12 септември. Во овие денови чудотворната икона е пренесена од Курск во Коренската пустина. Ова пренесување на иконата било свечено со голема поворна, која се протегала преку целиот пат од градот до манастирот во Коренската пустина. Градот Курск од Коренската пустина бил оддалечен на 27 километри. Така беше се до 1919 година до пред иконата да замине во странство. 
           

 Vinjeta.jpg

 

 Чудесното исцелување на момчето Прохор (свети Серафим Саровски)

vozdvizenie.jpg

 

            Пред Курско-Коренската икона се молел и просел исцеление младото момче Прохор Мошнин, идниот старец, преподобниот Серафим Саровски. Неговите родители, живееле побожен и богоугоден живот, исполнет со добри дела. Неговиот татко се занимавал со камениот дел од градењето на црквата во градот Курск. Непосредно пред неговата смрт во 1762, Исидор Мошнин пристапил кон градење на храм, посветен на  Казанската икона на Мајката Божја и на светиот преподобен Сергеј Радонежски (од 1833 постои  Курскиот Сергиев храм и Казанската катедрала), која беше завршена од мајката на Прохор.

            Покровот (заштитата) на Мајката Божја се појавил кај Прохор уште од неговата рана возраст. Откако нејзиниот сопруг починал, Агафја Мошнина, додека траеше изградбата на катедралата, еднаш додека биле горе на камбанаријата со Прохор, тој се сопнал и паднал од кулата надолу. Господ го спасил животот на идниот светилник на Црквата. Исплашената мајка веднаш истрчала по скалите кај својот син и го нашла неповреден.

            Во 1767 година, во 9-от петок по Пасха, поминувала  литија со Курско-Коренската икона “Знамение“ од Коренскиот манастир. Додека траела литијата почнало силно невреме и да врне дожд, па оние кои ја носеле иконата се засолниле во домот на Агафја, чиј син 9 годишниот Прохор во тоа време бил многу болен и неговата мајка не се надевала на негово закрепнување.  Непосредно пред литијата момчето на сон ја видел Пресвета Богородица, која му ветила исцелување и дека ќе го посети со нејзината чудотворна икона Курско-Коренска. Кога луѓето со иконата влегле во дворот, Агафја го изнела Прохор за да се поклони и да ја целива иконата и просејќи од Царицата Небесна исцелување. По истото Прохор полека почнал да закрепнува.Оваа икона Курко-Коренска е поврзана со неколку настани од животот на големиот руски чудотворец, кој одиграл важна улога во судбината на Русија.  Оттогаш, молитвената свеченост на Царицата небесна се засилила.

            Ова е последната литија  пред сето ова да биде забрането за време на владеењето на царицата Катерина II. Само кога царот Павле I и Александар I, на молитвено прославување со  Курско-Коренската икона “Знамение“ биле обновени и претворени во величествени входни литии во Русија.

Заштитничка на руската армија

            Чудотворната икона “Знамение“, заштитничка на руската армија, како и нејзиниот список, не само еднаш ја заштитувала  руската војска во многу неволји и војни, бранејќи ја татковината.

                        Во 1676 на иконата  "Знамение" на Божјата Мајка била пренесена во Дон, за благослов на донските казакски војници. Во 1684 од царот Јован и Петар  Александрович, биле испратени до Коренскиот манастир листа со чудотворните икони “Знамение“ на Пресвета Богородица во позлатен и сребрен облик со наредба за извршување на ова низ парохиите каде живееле војници. Со ова имало на повеќе места копии од оваа чудотворна икона. Во 1687 година, царот  Јован и Петар Александрович наредиле  да ја преземат иконата во "големиот полк", односно војската со оваа икона била пратена во борба против кримските Татари. Големиот полк дојде до кримските Татари и стави крај на нападите на руска територија.

            Во 1812 година, градот Курск како општеството, вознесе своја недеж и доверба на Мајката Божја. Испрати луѓе  на армијата за принцот Кутузов да ја зајакне војската со листа на Курската икона, вметнувајќи ја во сребрена позлатена рамка. Неа ја носеле гвардејските полкови, а и самиот принц се молел пред неа за на чудотворен начин Мајката Божја да има даде победа.

 

            Коренските промени во Големата патриотска војна од 1941-1945. се случиле за време на битката кај Курск.Седиштето на командата на Централниот фронт битката кај Курск бил лоциран во близина на границата на манастирот, и полицајците Жуков и Рокосовски, кои се наоѓаа тука, беа под надежта на Пресвета Богородица.

 

Напад врз светилиштето, 8 март 1898

            Револуционерните стремежи кои ја опфати Русија кон крајот на XIX век и почетокот на ХХ век влиаеја на манастирот Курск. На 8 март (стар стил), 1898 е снимено како во еден манастир голем број истакнати социјалистите, кои сакаат да ја поткопаат верата на луѓето во чудотворната моќ на Курската икона, одлучиле да ја уништат. 

            Од 07-08 март 1898 год. во 1 и 50 во ноќта  во местото во близина на владичните канцеларии слушнале во полициската станица во внатрешноста на катедралата на Знаменскиот собор експлозија и виделе еден светол облак од експлозијата . Сите браќа на Курско-Знаменскиот манастир одеднаш се разбудиле од ужасниот удар бидејќи нивните прозорци се затресле од ударот, а како што спиел епископот Јувеналиј од ударот бил фрлен од креветот, паднал.

            Северната голема врата, окована со железо, која се наоѓала во близина на иконата, сета била разрушена и илало пукнатина на дел од ѕидовите. Сите работи кои биле сместени околу иконата, како што се кандилата, разни орнаменти, свеќници, медалјони беа распраснати на сите страни околу иконата.  И други работи до иконата биле оштетени како што е долниот камен кој бил доста голем и делот во подножјето на иконата. Бил погоден и тремот, како и некои фрески насликани со патријархот Јаков и неговите синови, биле паднати крај владичкиот амвон. Аналојот и во делот каде се чувало светото Евенгелие, светите садови, одеждите било паднати на подот. Силните вибрации на воздухот натежнале и  многу делови (ѕидните)  биле оштетени.

            Топлата воздушна сила била толку силна што дури и олтарот бил оштетен.  Плашејќи се од најлошото епископот Јувеналиј се продирал низ урнатините за да стигне до светилиштето, каде што била чудотворната икона и извадил сребрениот кивот воопшто неповреден. Ликот на Пресвета  Богородица и целата икона Курско-Коренска “Знамение“ не била оштетена. Лицето воопшто не било повредено, ниту пак нешто од чудотворната икона било распрснато на мали парчиња. Само од експлозијата некои мали делови кои се разлетале паднало врз иконата.

            Злосторниците кои надевајќи се дека ќе ја уништата чудотворната икона, послужи само да уште се зацврсти верата кај народот со ова чудо што иконата на чудесен начин беше спасена од експлозијата.

Настанот за ова чудо се прошири низ целиот град и послужи за големо проставување на Бога и Мајката Божја. Сите побрзаа во Знаменскиот собор за да ја видат со свои очи благодатната Божја сила на Пресвета Богородица и да се поклонат пред нејзината чудотворна икона. Уште пред почетокот на манастирот се собраа ијладници луѓе кои учествуваа во благодарствениот молебен, отслужен од преосвештениот епископ Курски, Јувеналиј.

 

            Есента, во 1901 година биле уапсени оние кои земале учество во  експлозијата во Знаменскиот манастир, а тоа биле студенти од училиштето во Курск ,  Анатолиј Уфимцев (20 год.), Леонид Кишкин (21 год.), некој писател Василиј Каменев (22 год.) и студент на инженерски институт, Анатолиј Лагутин (21 год.).  Притворениците  наскоро ги дале доказите и кажале сé како што се случило со експлозијата и биле спроведени по предлог на А. Уфимцева дека ја поткопуваат верата на чистото Православие и намерата за да ја уништат чудотворната икона.

 

На 26 Декември 1901 година Николај II, наредил обвинетите да бидат испратени  во оддалечените области на Руската Империја, под полициски надзор.

            И сега во наше време, во 1949 година, кога намесникот на канцеларијата на Светиот Архиерејски Синод, протопрезвитер Георгиј Грабе (епископ Григориј), кога бил во Франкфурт, со Чудотворниот образ, му се приближил еден стар човек, го повлекол на страна и му рекол дека  и тој бил соучесник во нападот со експлозијата кон чудотворната икона со зборовите:  "Бев дете, не верував во Бога. Па сакав да  проверам ако Бог постои, тогаш нема да се уништи таква голема светост на една икона. По експлозијата, јас ревносно верував во Бога и сé уште горко се кајам на своето страшно дело".  После тоа, старецот се наведна со солзи кон чудотворната икона и излегол од црква.

 

Грабнување на чудотворната икона во 1918 година

            Во 1918 година градот  Курск  беше тажен, но во исто време и се случи еден настан: на 11 Април, среда, 6-та недела од Великиот пост во сред бел ден, чудотворната икона и иконата со список, украсена со скапоцени камења била украдена од Знаменскиот собор.

 

            Во манастирот, и во многу храмови секојдневно принесува усрдни молитви кон Пресвета Богородица за враќање на иконата и молитвите на верниците биле услишени. Светиот образ бил откриен еден месец подоцна. Недалеку од манастирот имало стар извор, според легендата, ископан од самиот отец Теодосиј Печерски, и затоа народот го нарекол Теодосиевским извор.

            Изворот бил заборавен, не бил исчистен и никој не полнел вода од него. На празникот на свети Теодосиј Печерски, 3 мај, една сиромашна жена, по професија шивачка, гладна се вратила од пазар, каде што залудно се обидуваше да најде нешто за јадење. Поминувајќи покрај овој извор таа видела една стара торба во која нешто имало. Надевајќи се дека ќе најде нешто за јадење се приближила и се загледала во торбата. Имаше две дрвени икони: Знамение на Мајката Божја без риза околу неа и другата икона со список (копија од чудотворната).

            Од радост епископот Теофан наредил да ги бијат сите камбани и да се направи литија со сите браќа монаси и да отидат до местото каде оваа жена ја нашла торбата . Радосниот епископ Теофан наредил сите камбани да ги бијат и да се направии литија со браќата монаси и да појдат до местото на наоѓањето на двете икони.

 

            Во исто време, тој го испратил јеромонахот Гермоген да го повика иконописецот Григориј Адрианович Шуклин, кој неодамна наслика копија од оваа чудотворна икона само без риза за да каже која од двете икони кои биле таму едната е оригиналната чудотворна, а другата икона со список.

 

Последните денови на Светиот образ во почетокот на 1920 година во Русија

            По чудесното откривање на чудотворната икона, неколку дена пред истата икона имало постојано молебни. Торжеството доброволно било продолжено. Веќе во средината на октомври, командант на Армејската зграда, А.П  Кутепов му навести на епископот Теофан, кој управувал со оваа епархија на градот Курск дека Курск може да биде нападнат и  дека луѓето ќе мораат од тука да заминат на југ, веројатно заради војната и дека тој како генерал ќе им овозможи  за него и за свештениците да заминат.

            Епископот Теофан со настојателот на манастирот, архимандритот Ероним (подоцна архиепископ Детројтцким), решиле да  заминат во Белград. За Курската чудотворна икона беше благословено од страна на монасите,на Знаменскиот манастир и од Курската пустина. Тие прво заминале во градот Обојан, 60 киломентри од Курск, од каде што биле поканети да дојдат со чудотворната икона. Во случај ако постоело опасност на приближување на фронтот, веднаш да заминат за Белград.

 

            На 1 март 1920 година, на парабродот "Св Никола", Курската чудотворната икона, придружувана од епископот Теофан и монасите, кои не сакаале да се одделат од неа, заминаа на брегот на Русија и од Новорусискиот предел преку Цариград пристигнаа во Солун. На 2 април икона пристигна во престолнината на Србија, градот Пеќ.

Чудотворната икона  “Знамение“ и понатаму била на сите заседанија на задграничниот собор, со учество на надворешни свештеници и народот од Сремски Карловац во 1921 година, како и сите владици од истиот град. Присуствувале на пристигнувањето на чудотворната  Курско-Коренска икона и други владици и свештеници, надвор од дијаспората.

Ова е запазено како најголем настан кој се случил во странство. На настанот присуствуваа 13 епископи, на чело со Митрополитот Анастасиј, 26 членови на свештенството и 58 мирски претставници. Делегатите дојдоа од разни страни за Зарубежието (надвор од граници) од странство, особено од далечниот Исток, Северна и Јужна Америка и од Европа.

            Во 1939 и 1940 година со свечена литија со чудотворната икона пристигна во  Белград во српскиот манастир во Хопове, каде во тоа време таму живееле монахињи со цел да го обноват манастирот.

За време на Втората светска војна, Мајката Божја, преку оваа чудотворна икона се јавувала на многумина и од истата икона се случувале чуда, кои за истото сведочеле многу луѓе.

            Белград во тоа време доживеа тешки бомбардирања. Цели населби биле уништени. Многу луѓе загинаа под урнатините.  И така беше забележано дека не само во трите Руски цркви во Белград, но, исто така и оние дома, кога биле испросувани молитви пред чудотворната икона од бомбандирањето никој не пострадал, само некој делови како што се згради и куќи. Еден сведок изјави дека сета улица била разрушена, а само две куќи останале несрушени, кои биле посетени со чудотворната икона. Друг очевидец раскажува, буквално во многу домови, кај кои неодамна иконата била таму, паднале три големи бомби и ... ниедна од нив не експлодира.

            Во Руската Црква, посветена на Пресвета Троица, каде што пребиваше чудотворната икона се читаа постојани молитви и молебни кон Пречистата Мајка Божја. Често присуствуваше митрополитот Анастасиј, особено на големите празници. Неколку пати во текот на богослуженијата имало напади (од војната во градот) и некои верници бегале од црквата, барајќи засолниште. Митрополитот никогаш не ја напушти црквата во тоа време.

 

Во Западна Европа, заедно со прогонетите Руси

 

            Војската ги окупираа балтичките држави, Полска, Романија и Бугарија. Советската армија влезе и во Југославија. Митрополитот Анастасиј, поглаварот на Руската Православна Црква, не можеше, а да не биде заробен од страна на атеистите и верниците, па затоа со многумина од неговото паство замина во Германија. Во Синодот била и неговата хранителка – Курската чудотворната икона на Мајката Божја.

 

            Првиот чекор при своето пристигање на Запад беше во градот Виена. Таму останаа заедно со архиереите (Синодот) на неколку месеци. Виена во тоа време многу често беше подложена на бомбардирања. И преку благодатта на Небесната Царица, во тој неправославен град почнаа да се случуваат чуда, како што беа во Белград: каде што иконата беше во некоја куќа, истата куќа не беше бомбандирана, иако тоа понекогаш се случувало во центарот на градот.

            По некое време Синодот и митрополитот Анастасиј се преселиле во Минхен. Почнала разработка на  реорганизација на Синодот и за да го воспостави своето дело, митрополитот Анастасиј веднаш по добивањето на швајцарската виза, заедно со чудотворната икона, замина за Женева, со цел да воспостави комуникација со сите делови на Руската Православна Црква. Пристигнувањето на митрополитот Анастасиј во Женева беше исклучително важен настан во животот на Руската Православна Црква.

 

            Чудотворната икона, по пристигнувањето во Женева е префрлена од митрополитот на монашкото братство,  за привремено чување,  во храмот посветен на преподобен Јов Пачаевски, кој се наоѓал во предградието на Женева, во мала двоспратна куќа, каде што била направен и мал параклис во вид на манастир, со секојдневни богослужби. Братството во ова време се подготвувало за заминување во САД.

 

            Во меѓувреме, на чудотворната икона, која престојувала во Минхен, во Владимирскиот дом- Синодска Црква, станувала вистинска “застапница на сираците, на скитниците згрижување, блага утешителка на сите оние кои со вера прибегнувале кон неа“. Многу чуда се случиле во ова време преку чудотворната икона на Пресвета Богородица.

 

            Потоа почна  масовната преселба преку океанот. Пред чудотворната икона секојдневно се служеа молебни. Луѓето кои останаа тука да живеат до длабока болка се разделија од оваа чудотворна икона, задржувајќи го во себе благословот на Мајката Божа од оваа икона и нејзина копија.

 

Пристигнување на Курската икона на Пресвета Богородица “Знамение во Америка

 

            По дознавањето на  преселба на Синодот и на Курската чудотворната икона во САД, принцот и принцезата Белоселски – Белозерски, љубезно се согласиле да ги стават на располагање до Синодот нивниот имот во близина на градот Магопака, 40 милји од Њујорк. Во овој имот, со благослов на митрополитот Анастасиј, беше одлучено да се организира ставропигијален синодски двор, кој, при пристигнувањето на Синодот во САД, би можела да стане привремено седиште и резиденција.

            Градител и игумен на манастирот бил назначен архиепископот на Чикаго и Детроит Серафим , роден во Курск, автор на иконата Курско-Коренска “Знамение“- "Одигитрија на Руското Зарубежје. На неговиот предлог, новото место било наречено Нова Кореска пустина, во спомен на разрушениот голем стар Коренски манастри во Курск, акаде што била најдена оваа чудотворна икона.

 

 

            На 23 Јануари 1951, Курската чудотворната икона “Знамение“на Пресвета Богородица пристигнала во САД. Чудотворната икона беше придружувана од архимандритот Аверкиј подоцна архиепископ Сираќуско-Троитски, кој повеќе од една деценија се подвизуваше покрај оваа чудотворна икона. Во 1959 година, со милоста Божја, а по благоволението на Пресвета Богородица, Архијерејскиот Синод успеа на 93 улица во еден од најдобрите делови од градот Њујорк (Менхетен) да најде свое седиште кое до ден денес постои. На состанокот на Синодот, беше одлучено името на црквата која беше во истиот град да биде Знаменски собор, во чест на чудотворната икона.

vozdvizenie.jpg

Иконографија

            На иконата на Мајката Божја, наречена “Знамение“ изобразен е ликот на Пресвета Богородица, во средина со раширени раце и во молитва. На градите, среде кругот штит (или сфера)  е Благословеното Божествено Дете- Спасителот - Емануил. Ова изобразување на Пресвета  Богородица е меѓу првите Нејзини насликани икони.

 

            Во еден гроб од првите  векови во Рим изобразен е исто ваков лик на Пресвета Богородица со раширени раце во молитва и Детето како седи во нејзиниот скут. Оваа икона доаѓа од IV век. Покрај ова изобразен е древниот византиски образ на Пресвета Богородица “Никопеј“, VI век, каде што Пресвета Богородица е насликана како седи на престолот и  ги држи двете раце раширени покрај ликот на Спасителот- Емануил.

 

            Делот, на кој е прикажана Пресвета Богородица, претставува мал квадрат во должина и ширина од неколку сантиметри, се додава во истата форма дрвено платно. Последно по налог на царот Теодор Иванович бил поставен лик: на врвот икона - Господ Саваот и излегувањето на  Својот Свет Дух, и на двете страни од него - пророците со свитоци во рацете и познатите нивни пораки. На оваа икона се насликата лицата на сите пророци, кои укажуваат на ликот на Мајката Божја и Предвечниот Младенец. Царот и пророк Соломон е изобразен од десната страна на иконата во левата рака држи свиток со изреката: "Премудроста си создаде за себе дом". Зад него, во обратен редослед се насликани пророците: пророкот Даниил, во левата рака држи свиток со изреката: "Аз видех гору каменују“. Пророкот Еремија е со свиток во левата рака, која гласи:"Се дние грјадут, глаголет Господ“ и пророкот Илија, со свиток во двете раце, кој гласи: “Ревнуја поревновах, о Господе“. На левата страна од иконата, во истиот редослед, прикажани се  царот и пророк Давид со свиток во левата рака и вели: "Воскресни, Господи,в покој Твој“. Пророкот Мојсеј, исто така, со свиток во двете раце и натпис: " Ах видех купину огненују“. Пророкот Исаија, со свиток во десната рака:" Се Дева во чреве приимет“.  Судијата Гедеон со свиток во левата рака:: "Сниде јако дожд на руно“ И уште неколку лика на пророците на иконата се насликани. На дното е насликан ликот на пророкот Авакум, со натпис на еден свиток во двете раце: "Бог от југа приидет“.

 

            Изображението на пророците е директно поврзано со ликот на Мајката Божја, која е наречена "Знамение". На иконата е прикажан почетокот на Синот Божји - Емануел, во утробата на Дева Марија, и ова е најголемото чудо на пророштвото на свети Исаија, кој беше знак на царското колено Давидово дека тој нема да запре се додека не се роди Синот Божји. Но, за истото чудо на воплотувањето на Синот Божји прорекоа и други старозаветни пророци, па лицата со пророците со свитоци во рацете, кои ги содржат нивните пророчки зборови, се ставени на иконата “Знамение“ на Пресвета Богородица со нивните вистински чудесни знаци од Бога, од страна на пророкот Исаија.

 

            Изобразувањето на Пресвета Богородица, Господ Саваот, и пророците на наредбата на кралот беа украсени со позлатено сребро, бисери и скапоцени камења. Царицата Ирина Федоровна ја украси чудотворната икона со бисери и скапоцени камења, лично извезени со златен превез и црвен сатен, на кој беше извезен со златни букви следниов натпис: "Повелбата на благоверниот кнез на цела Русија Теодор Иванович и благоверната кнегиња Ирина и нивната ќерка, Великата Теодора, направено за образот на Пречистата Богородица-Курскаја, лето 7105 (1597).

            Слободниот дел од иконата бил покриен со кадифе, извезен со златни цветови во него, и мали цветови од билки. Богатото украсување на иконата се зголемило со мулти-обоени камења, давајќи и голема уметничка убавина и ретка убавина.

 

 

            Денес оваа чудотворна икона на Мајката Божја Курско-Коренска “Знамение“ се наоѓа во САД во градот Њујорк (Менхетен), во Синодот на Руската Задгранична Црква, каде што е и седиштето на Митрополитот. Оваа икона патува постојано низ цела Америка на поклонение. Со неа има постојан свештеник кој уште и е наречен хранител (чувар) на иконата. Постојано ја носат во куќи на болни, во болници, каде што пред оваа икона читаат молебни за оздравување.

Уште и е наречена семејна икона. Таа никогаш не е сама. Постојано има некој со неа.

            Со постојани молитви и ние да се молиме на Мајката Божја Курско-Коренска “Знамение“ да благослови како народ и Црква да направиме копија од истата, допрена со оригинална чудотворна икона, та постојано да се радуваме и прибегнуваме кон Нејзиното застапништво. Амин!

            Пресвета Бгородице, спаси не!

 

vozdvizenie.jpg

 

Тропар на Мајката Божја Курско-Коренска “Знамение“

 

Јако необоримоју стени Источник чудес стјажаше тја раби твои, Богородице Пречистаја, сопротивник ополченија низјагајем. Тјемже молим Тја мир граду Твојему даруј, и душам нашим велију милост.

 

На македонски:

Имајќи Те како несоборлива карпа и извор на исцеленија, о Пресвета Богородице, ние, твоите слуги нападите на непријателите ги одбиваме. Затоа Ти се молиме: дарувај и мир на нашата татковина, а на нашите души голема милост.

 

                                                  РАДУВАЈТЕ СЕ!

 

 

Подготви: Стојанче Серафим Андов

Троитско Свет Манастир
 Џорданвил, Њујорк

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2034
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная