логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Ликовниот салон на Народниот музеј во Велес,  на 12 јуни 2015 година (петок) во 19 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од  Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место.       

Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум - акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни уметнички сензибилитети. Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија - Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ - Цицо, како и  одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) - Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг  Милосављевиќ - Пеѓа, Никола Славин. Регистарот на акварелното сликарство, продолжува со создадени дела од авторите - Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) - Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника - Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

На изложбата ќе бидат презентирани над 30тина ликовни дела, дел од нив за првпат се изложуваат пред јавноста.

Куратор на изложбата е Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.

Изложбата ќе ја отвори Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија.

 

Со почит,

Национална галерија на Македонија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

10/03/2025 - понеделник


Велигденски пости; (
строг пост )

Св. Тарасиј патријарх Цариградски; преп. Пафнутиј

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов патријарх Тарасиј Цариградски 10 март/25 февруари  2025

Тропар на светиот Христов патријарх Тарасиј Цариградски 10 март/25 февруари 2025

Ревнителу Божји помеѓу епископите,Тарасие свети, достојна пофалба ти воздаваме,ние кои Христа преку тебе го прославуваме,заштитнику на иконите свети,бестрашен исповеднику на...

Тропар на I и II наоѓање на главата на св.Јован Крстител 9 март/24 февруари 2025

Тропар на I и II наоѓање на главата на св.Јован Крстител 9 март/24 февруари 2025

Глас 4Од земјата засветлувајќи главата Претечева,зраци нетлени испушташе, подавајќи им на верните исцеленија: од висините собирајќи  се мноштво Ангели, долу го...

Тропар на светиот великомаченик Теодор Тирон - Тодорова сабота 2025

Тропар на светиот великомаченик Теодор Тирон - Тодорова сабота 2025

Со голема вера исправен, во изворот на пламенот, како во вода на успокојувањесветиот маченик Теодор се радуваше;низ оган поминат, како...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная