По повод „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност.
Прв настан, промоција на монографија
На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“. Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. д-р Кирил Пенушлиски. За монографијата на промоцијата ќе говорат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, академскиот сликар Рубенс Корубин и академик Влада Урошевиќ.
Втор настан, отворање на изложба
Како продолжение на истражувачкиот труд , покрај промоција на монографијата ќе се реализира и изложба на слики и фоторепродукции на делата од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на неговата ликовна кариера. Изложбата носи наслов „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“, ќе биде поставена и отворена во Мала станица на 11 мај 2017 год. (четврток), во 20 ч.
Трет настан, предавање на д-р Кирил Пенушлиски
На 16 мај 2017 год (вторник) во Мала станица, 11 ч , Проф. д-р Кирил Пенушлиски ќе одржи предавање на тема „Од Мартин во Мартиноски“.