логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На 1 јуни 2017 год. (четврток), во 12:30 ч во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам ќе се реализира промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски  со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“.  Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е Проф. Д-р Владимир Величковски. На промоцијата ќе се обрати промоторот господин Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на текст во публикацијата и Проф. Костадин Танчев - Динка.

Во рамките на редовната годишна програма за 2016 година Националната галерија на Македонија го реалзираше проектот монографско издание „Вељо Ташовски, живот и творештво“. Имено станува збор за издание кое доаѓа како дел од еден посеопфатен прокет кој во континуитет се одвива од 2014 год. преку организација на ретроспективна изложба за Вељо Ташовски во објектот Даут пашин амам во декември 2014 год.. Во текот на 2015 година поттикнати од интересот и значењето на творештвото на овој наш еминентен ликовен автор кој одигра значајна улога во развојот на македонската современа ликовна уметност направивме избор од ретроспективната поставка со цел нејзино селективно прикажување и во останатите градови од земјата. Имено истата беше замислена како патувачка со цел да се анимира културната и ликовната јавност во внатрешноста на Р.Македонија и уште еднаш да потсетиме на исклучителниот опус на Вељо Ташовски. Во текот на април/мај 2016 година изложбата бече претсавена и во Културно-информативниот центар  на Р.Македонија во Софија.

Како своевидно заокружување на ова сеопфатно претставување на творештвото на Вељо Ташовски, со оглед на неговото значење во рамките на развојот на македонската современа ликовна уметност, логично следеше и објавувањето на монографија со наслов „Вељо ашовски, живот и творештво“ од авторот Проф. Д-р Владимир Величковски, а во издание на Национaлната галерија на Македонија. Станува збор за прво вакво издание посветено на Вељо Ташовски.

Монографијата на Вељо Ташовски дава пресек и своевидно толкување, анализа на целокупното творештво на авторот, со посебен акцент на одредени фази во неговото творештво, нагласувајќи ја неговата значајна улога во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична означеност, но од друга страна, тој ја користи симулацијата во најмекиот и најприродниот вид,отворајќи пат кон индивидуалната ликовност. Идејата на авторот е преку ваквиот привид да ја нагласи основната специфичност на сликарството - двете димензии, односно апстрактната конотација на сликата создавајќи специфична “ликовна претстава на двата плана”. Композицијата што го следи принципот на апстрактното сликарство, флуидот на сликарската материја, отсуството на третата димензија..., свилата, бришењето на ефектот на прозорецот, атмосферата на тишина и спокојство - сите тие настојуваат да ги опросторат “сликаните” претстави на Ташовски до ниво на посакуваниот ефект на бескрајноста, до создавањето на слика-простор.

Вељо Ташовски е роден 1949 г. во с. Осој, Р. Македонија. 1975 г. завршил Академија за ликовни уметности - сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал 1979г. Од 1976 до 1985г. бил член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија, а од 1976 г. е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а земал учество и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн. Добитник е и на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.

Национална галерија на Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная