Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36-то издание на престижниот Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси (New Jersey Film Festival), од 367 пријавени филмови од цел свет.
Покрај американската премиера на 22 септември, на покана на организаторот, режисерот Тренчовски ќе оствари средба со студенти и професори на Универзитетот Ратгерс во Њу Брансвик, а продуцентот Дејан Милошевски ќе преговара со потенцијални дистрибутери на филмот за САД.
Филмот на 9 септември ќе се прикаже на Централно-Европскиот филмски фестивал во Темишвар, Романија, на 20 септември на Фестивалот на филмската режија во Лесковац, на 23 има проекција во Мумбаи, а потврдени се и селекциите на фестивали во Варшава (Полска), Брно (Чешка) и Санкт Петербург (Русија).
Инаку, „Златна петорка“ досега е селектиран на 20-тина филмски фестивали, има освоено пет интернационални награди и е најгледан филм во Македонија во изминатата сезона.