логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„Сенките на новозаветната етика“ од

д-р Љупка Христова-Башевска

Деновиве, во издание на издавачката куќа Магор, излезе новата книга на д-р Љупка Христова-Башевска Сенките на новозаветната етика. Авторката, позната во научно-книжевна јавност кај нас и во поширокиот регион како еден од ретките аналитичари на библискиот текст отаде догмите на „Божјата објава“, овој пат го поставува прашањето: Дали Новиот завет беспоговорно ги заслужува епитетите Ненадминат универзален етички кодекс, Книга на љубовта, Добра книга итн., што и денес штедро му се припишуваат во рамките на западната култура, дури и од страна на оние кои за себе велат дека раскрстиле со религијата? Или, ако морално вредното го проценуваме според параметрите на човековиот свет, односно како парадигма на хуманото, ќе се покаже дека мнението за „ненадминатата“ етика на Новиот завет искажана низ барањата за љубов, сомилост, покајание, проштевање итн. останува еден од најтврдокорните културолошки митови на западната цивилизација и во дваесет и првиот век?

„Пред нас е текст оригинален како потфат во нашата средина, прецизен по структура, консеквентен по изведените зклучоци и јасен по свјот стил“ – вели во својот осврт кон ова ова издание на Магор – проф. д-р.Марија Ташева.

 

Друго:

Букбокс читанка: „Сенките на новозаветната етика“ од Љупка Христова-Башевска

Да има правда, ко што нема, оваа книга би требало да биде вистинскиот скандал кој ѝ се случил на нашата средина. И тоа не затоа што се обидува некого да расколеба во неговата вера, туку затоа што полемизира со убедувањето на неверниците, дека без оглед дали Библијата се чита како Света книга или како световна лектира, таа содржи патокази кон доброто, моралното и вредното. „Чекајте малку, другари!“, вели авторката - македонскиот Кристофер Хиченс.

Има автори кои домашната јавност може лесно да ги пропушти во шумот кој го создава самопромоцијата на луѓе а не на идеи, и на фејсбук статуси наместо книги. Љупка Христова-Башевска нема профил на социјалните мрежи, никогаш до сега не гостувала на наша телевизија (иако претходно има објавено две книги, а нејзини есеи се преведувани во Полска, Бугарија, Србија..), докторирала на години кои дискриминаторски се опишуваат како „поодмината возраст“, и живее на село од кое летово (а и многу други лета) се вади вода од бунар. До скоро текстовите ги пишуваше на машина за чукање, а последниот обид за расчистување на купиштата хартиени белешки (меѓу кои и цитати од Светото писмо) завршија носени од силен ветер, кој ете баш во тој миг задува расфрлувајќи ги околу контејнерот. За симболичката тежина на сцената да биде уште посложена, во нивното собирање љубезно се обидуваа да помогнат две забулени жени.

Оттаму и не е чудно што на средина која се декларира како доминантно христијанска, во чиј календар формално има два државни празници поврзани со православниот календар и уште пет такви „опционални“, само за верниците, на кои всушност се повикуваат и оние кои тоа не се, и во која и на голем број атеисти им е „шубе“ да не се венчаат в црква, „затоа што таков е редот“, да ѝ се провлече нечиј обид за критичко препрочитување на Светото писмо. Под лупа е особено ставен Новиот завет, истражувајќи дали тој навистина ги заслужува квалификациите „ненадминат универзален етички кодекс“, „Книга на љубовта“ итн., што и денес му се припишуваат во рамките на западната култура, дури и од страна на многумина кои за себе велат дека не се верници.

Емотивна реакција на ваквата „дрскост“ во некои други околности би била очекувана, иако не и контрапункт на наводно рационалниот и бесчувствителен однос кон темата на авторката. Таа, имено, го брани ставот дека исто како што позицијата на верникот се заштитува/оправдува со неговата „емоција“ по прашањето, така би морало да се дозволи и тоа мотивот на критичарите да биде нивна морална и емотивна реакција на агресивното наметнување митови од страна на оние кои ја користат институционализираната религија за држење во покорност на „непослушните“, на оние кои се осмелиле да ја доведат во прашање наводната светост и недопирливост на нејзините темели.

А токму таков за таков темел се смета Светото писмо, текст кој се третира како кохерентен и доследен, иако реално генезата на деловите што се нашле во него е прилично шаренолика. Тие, имено, се настанати во различни историски и културолошки околности, а кога е во прашање Новиот завет имаат најмалку осуммина автори, со различно социјално потекло и образование. Додека апостол Павле од Тарс, град со претежно грчка култура, го владеел грчкиот јазик и имал барем основна рабинска наобразба, апостол Петар бил неук рибар. Секој од нив секако имал и различен карактер и темперамент, па оттаму некои меѓу нив се помлаки и поблаги а други поостри, бескомпромисни (на пример Матеј во однос на Лука). Текстовите пак од Стариот завет се пишувани во еден фасцинантно долг временски период од 16 векови, од страна на над триесетина автори, некои од нив земјоделци и сточари, други пророци, судии и цареви, на три јазика - хебрејски, арамејски и грчки.

Самата црква, свесна за потребата за внатрешно усогласување на својата Книга, го има направено тоа (за Новиот завет тој момент е 4 век по Христа), но не без противречности помеѓу решенијата за одделни прашања. Тоа е особено проблематично кога станува збор за етичките ориентири, кои никако не смеат да бидат нејасни и меѓусебно контрадикторни, бидејќи тоа му отвара ширум врата на опортунизмот, односно толкувањето на морално релевантните делови на секого онака како што му одговара. Единственото што преживеало недопрено се таканаречените „изреки на мудроста“ од корпусот усно творештво на Јудејците и околните народи, кои веројатно заради нивната чисто емпириска подлога не подлегнале на подоцнежната црковна редакција, а денес сведочат за стремежот на луѓето да го одредат прифатливото и неприфатливото однесување во заедницата и пред тоа да им биде презентирано како „Божја реч“. Таков продор на „народна филозофија“ во библиската етика има и во македонскиот фолклор, кој додуша на моменти отстапува од идејата за човекот кој се остварува како морално суштество единствено под закрила на виша сила, како во „Ако човекот во снагата е како скот, во душата е како Бог“, која инсистира на постоење на внатрешен морален компас, таков кој е ВО а не ВОН човекот.

При критичката анализа авторката ги зема предвид најсилните христијански концепти - оние на покајувањето, проштевањето, љубовта, надежта и верата, и во оваа смисла „не остава ни еден камен непревртен“, особено задржувајќи се на резот направен во етичка смисла на преодот од Стариот во Новиот завет, и згаснувањето на младото христијанство кое е заменето со многу покабастота институционализирана религија.

    Младото христијанство го направи својот обид на планот на добрината, ја промовира љубовта како основен принцип на релацијата човек-човек, но така што ја фрли под нозете на Бога: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене“ (Матеј, 10:37). Направи свој обид дури и со начинот на организација на животот на своите први следбеници, но и тој имаше сериозна пукнатина и краток век. Имено, има убави, топли пасажи во Делата апостолски за животот во заедниците на првите христијани, од кои се гледа дека таму владеел еден вид економски комунизам и цветале љубовта и солидарноста. Но тоа биле луѓе отуѓени од општеството, или здружени - преку една силна надеж - во мали, интимни заедници, каде можеле спонтано да развиваат такви доблести, како да се подарок од самото небо. Сепак алтруизмот тука е строго селективен, кружи само во нивната затворена заедница, важи само за истоверниците...Само по неколку века христијанството од религија на сиромашните ќе стане религија под закрила на богатите и моќните; првобитните христијански општини, од „заедници на верните во Христа“, ќе прераснат во црковна иснтитуција со норми, хиерархија и власт; на почетокот слободно изразените идеи за верата ќе се окаменат во догми, ќе добијат статус на светии околу кои верните веќе нема што да дискутираат; на местото на заедничките простодушни молитви ќе дојдат помпезни обреди и ритуали кои влеваат стравопочит; харизматските прегалци во верската ука ќе ги потисне специјализиран, професионален и социјално надреден кадар...

Што да се каже на крај, освен дека ако Кристофер Хиченс беше жена, таа ќе живееше во Ѓавато, со домашен сок од бозел во едната, и персиска мачка во другата рака.

*

Илустрации на насловна и горе: манастир Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка

Види и: 10-те заповеди според Кристофер Хиченс

Преземено од:https://off.net.mk/bookbox/chitanka/bukboks-chitanka-senkite-na-novozavetnata-etika-od-ljupka-hristova-bashevska

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

29/11/2024 - петок

Божикен пост;(на масло)

+Светиот апостол и евангелист Матеј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на свети Григориј Неокесариски чудотворец 17 ноември / 30 ноември 2024

Тропар на свети Григориј Неокесариски чудотворец 17 ноември / 30 ноември 2024

Ревнувајќи во молитвата,искуси чудесни дејствијатака стана истоименик на исправувањето,затоа моли се на Христа Бога,

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Ревносно од царина си тргналкон повикот на Владиката Христос,Кој поради својата добрина се појавина земјата помеѓу луѓето,Него следејќи го се...

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Избирајќи живот по вашата вера,наместо виделина од очите телесни,Гурие и Самоне, Бога го прославивтево вашето мачеништво, при вистината останавте и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная