Промоција: ВОДИЧ ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ од д-р Митов
Најновите научни сознанија за животниот стил и болестите, од проверени извори, напишани на разбирлив јазик, и многу применливи совети – ќе најдете во првата книга на популарниот д-р Митов, ВОДИЧ ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ.
Колкав е природниот век на човекот? Научните студии велат дека изнесува некаде над 100 години. Ќе се согласиме дека, според денешните стандарди, тоа е импресивна бројка. Но на патот за нејзино достигнување ни стојат безброј препреки.
Денес сме соочени со болести кои во 80 % од случаите можеме да ги спречиме. Да, можеме! Тоа се во прв план кардиоваскуларните болести. Здравствената криза може да се реши само на еден начин: ако секој од нас направи промени кон подобро во својот животен стил. Зашто болестите не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на животниот стил ни нуди конкретни решенија за тоа. Изборот е наш!
25 април 2018 г.
19 часот
Клуб-ресторан МКЦ
Ве очекуваме!