логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ВРАЧУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „АНТЕВО ПЕРО“, ПОЕТСКИ ЧИТАЊА И ФОРМИРАЊЕ НА АКАДЕМИЈА АНТЕ ПОПОВСКИ
На 28 и 29 септември 2018 година, во Скопје и Лазарополе ќе се одржи Меѓународната културно-поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Отворањето на дводневната манифестација востановена годинава во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски, ќе биде означено со поетско читање во спомен собата на поетот во Центарот за култура во општина Ѓорче Петров, со почеток во 19.00 часот. Со по една своја песна ќе се претстават 10-мина поети од земјата и странство кои творат на македонски јазик, а чии што стихозбирки се најдоа во пошироката конкуренција за наградата Антево перо“.

За истата вечер е предвидено официјалното претставување на наградената збирка „Кумова слама“ и врачување на наградата „Антево перо“ на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски, доделување на пригодни признанија на поетите придружници на наградениот автор Марина Мијаковска и Михајло Свидерски, како и благодарници на поетите (65) кои учествуваа на годинешниот конкурс за наградата „Антево перо“.

    На 29 септември, манифестацијата ќе продолжи во хотелот Калин во родното селото на Поповски - Лазарополе, со формирање на Академија Анте Поповски. Еминентни творечки имиња од сферата на литературата и културата воопшто, почитувачи на творештвото на Поповски, како и негови долгогодишни соработници во својство на членови на Академијата (чиешто членство од година во година ќе се зголемува), на овој начин ќе водат грижа за натамошната физиономија и растеж на Манифестацијата.

Во Паркот на поезијата во Лазарополе пред бистите на писателите Анте Поповски, Симон Дракул (исто така роден во Лазарополе), како и на Кочо Рацин, ќе се одржи поетски рецитал, а напоредно со убавиот збор, непресушниот креативец Живко Поповски Цветин, ќе демонстрира пригодни сликарски техники и мајстории. Предвидена е и посета на богатата Библиотека во домот на Анте Поповски, кадешто во последните години од својот живот ги создаде монументалните дела „Света песна“ и „Две тишини“. За учесниците на манифестацијата ќе биде организирана и посета на Црквата „Свети Ѓорѓи“ во Лазарополе, еден од најпрепознатливите симболи на културата во Мијачијата, со преубав, редок и вреден иконостас, но и со доста богатата галерија на стари икони, која за жал беше пред неколку години беше осквернавена од сѐ уште непознати крадци.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная