логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ретроспективна изложба на Костадин Танчев – Динка во Даут пашин амам

Почитувани,

Ве известуваме дека на 24 април 2019 година (среда), со почеток во 20:30 часот, во објектот Даут пашин амам ќе биде отворена ретроспективна изложба на Костадин Танчев - Динка. Изложбата ќе ја отворат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија, м-р Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка при Влада на Република Северна Македонија и Владимир Боројевиќ, ликовен уметник и дизајнер.
Професорот Костадин Танчев Динка во текот на својот повеќедецениски плоден работен и творечки век остави значаен белег во развојот на македонската уметничка сцена, и како ликовен автор и како ликовен дизајнер. На полето на применетата графика многумина го сметаат за водечки мајстор иноватор во наставата по дизајн, бележит сценограф, врвен изработувач на плакати и дизајнер на публикации.
Водејќи се од значајната улога која Костадин Танчев Динка ја одигра на македонската современа ликовна сцена и неговото значење во контекст на афирмацијата на новите ликовни тендеции во македонската современа ликовна уметност, пред се во делот на ликовниот дизајн  и применетата уметност, ретроспективната изложба има за цел да направи пресек на неговото ликовно творештво и на овој начин да актуелизира одредени појави и тенденции од историски, проблемски, тематски, стилски, но и тековни толкувања на модерната и на современата светска и македонска ликовна уметност. На изложбата ќе бидат претставени 90-тина дела (графики, плакати, слики, логоа) од сите творечки фази на авторот.
Кустоси на изложбата се Маја Неделкоска Брзанова, Маја Чанкуловска Михајлоска и Горанчо Ѓорѓиевски.

Костадин Танчев е роден во 1940 година во Валандово. Училиште за применета уметност завршил во скопје во 1961 година. Од 1961 година студира на академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето на првиот степен, по препорака на Универзитетскиот совет на Белградскиот универзитет во текот на 1963-1964 година престојувал на специјализација во Лондон. За време на студиите во вториот степен бил во класата на професорите: Миха Петров, Богдан Кршиќ и Милош Ќириќ. Како студент во петтата година учествувал на меѓународниот конкурс за визуелна комуникација, организиран од Меѓународната организација на графички дизајнери ИКОГРАДА. Меѓу многуте учесници од повеќе земји влегол во најтесниот избор на десетте нaјдобри. Уште како студент членувал во Друштвото на УЛУПУс и ИКОГРАДА. Во состав на дипломската работа го реализира првиот анимиран филм на академијата за применета уметност во Белград.
Од 1969-1970 година работи во секторот за економска пропаганда (маркетинг) во НИП „Нова Македонија“. Од 1973-1975 година престојувал во Париз каде што излагал во повеќе галерии. Во 1975 година излагал на изложбата „50-те млади надежни сликари“ на Мајскиот салон „Дефанс“ во Париз. По враќањето од Париз, од 1975 година, продолжува да работи како раководител на секторот за графички дизајн и ентериер во Културно-информативниот центар во Скопје. Во периодот од 1978-1981 година активно учествувал во научните истражувања и реализацијата на новите форми на културна комуникација и творештво, што се изведувале во рамките на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“.
Од 1985 година е избран за наставник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во графичкиот оддел по предметите цртање и графика со графички техники. истовремено, во овој период е ангажиран во изведувањето на наставата во насочениот дел од студиите, во насоката графички дизајн и под негово менторство, со успех се одвива наставно-образовниот процес по опрема на книга и илустрација, фотографија, визуелни комуникации, плакат и графички стандарди. Со студентите од трета и четврта година, на насоката графички дизајн учествувал на поголем број републички конкурси за визуелни комуникации на кои се добиени повеќе награди. Учествува во реализацијата на издавачката дејност на Факултетот, особено во издавање на Графичката мапа на професорите на ФЛУ во 1987 година, публикацијата по повод десетгодишниот јубилеј на ФЛУ, студентската мапа од 1986 година и поголем број каталози и идејни решенија за потребите на Факултетот.

Национална галерија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная