Во среда, на 25 септември 2019 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев Скопје, со почеток во 11:00 часот, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, ќе организира форум за судии, јавни обвинители и стручни лица од надлежните институции кои се вклучени во обезбедување на помош и поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство.
Заменик министерот за правда Г-дин Оливер Ристовски, Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Проф. Д-р Наташа Габер Дамјановска, како и граѓански и кривични судии, ќе имаат свои презентации и кратки излагања.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ ја имплементира активноста “Патот до правда за жени жртви на семејно насилство”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Андреа Томиќ
Асистент за комуникации и односи со јавност
Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на - ЕСЕ
ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје, Република Македонија
тел: ++389 (0) 2 3298 295 / лок. 102
факс: ++389 (0) 2 3211 453
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.