логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

винка

Издавачкиот центар ТРИ вечерва ќе го промовира своето ново ексклузивно издание – петтиот роман на една од најчитаните и најпопуларни македонски авторки - Винка Саздова. Новиот роман на Саздова со наслов „Вилино“ пред македонската публика ќе го претстави професорот и писател Венко Андоновски, а промоцијата ќе се одржи во локалот „Сиеста“ во центарот на градот, со почеток од 19 часот.

„Вилино“ е уште еден современ психолошки роман од мајсторот на жанрот, жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Централното прашање што се поставува е: каде исчезнува онаа вселенска љубов откако ќе се оформи семејството? Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Романот е полн со источни мудрости и мистична филозофија, со извонредни ликови и симболика. И роман-терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.

„Вилино“ е петтиот роман на Винка Саздова. Досега ги има објавено „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик. Двапати е прогласена за најчитан автор – во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Со „Вилино“ Саздова уште еднаш ја потврдува својата културна мисија, а тоа е создавањето своја препознатлива публика и подигнување на читателскиот стандард, станувајќи име без кое веќе не може врвната македонска книжевност.

Издавачки центар ТРИ ве поканува на овој прекрасен книжевен настан, со кој на најубав можен начин ќе ја заокружи својата јубилејна година!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

08/05/2025 - четврток

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2025

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2025

Крстот свој во времениот живот носејќи го,на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваасо кои светот сакаше верата во...

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Седумдесет свеќи се запалија од тебесвет стратилате Саво,кој пламен благодатен од Господа прими,и со таа свита храбро пристапикон војската маченичка...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај/23 април / 2025

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај/23 април / 2025

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная