логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ОНЛАЈН „АСТЕРФЕСТ“ ПОД МОТОТО „ДВИЖЕЊА, ПАТЕКИ“

Петнаесеттото издание на струмичкиот интернационален фестивал за краток филм „Астерфест“ ќе се одржи целосно онлајн, од 28 до 31 август, со акцент на филмските содржини.
Организаторите се одлучија за вакво видоизменето издание соочени со препреките што ги наметна пандемијата, но и заради запазување на континуитетот, со план за враќање на концептот со класичните проекции догодина.


Овогодишното мото на „Астерфест“ е „Движења, патеки“. Селекцијата е составена од 30-тина кратки филмови од разни страни на светот, но и од македонската продукција. Во натпреварувачката програма ги имаме добитникот на Оскар, звучни наслови и имиња од Европските филмски награди, БАФТА, Трибека, како и неколку врвни дебитантски дела. Ретроспективната програма опфаќа дел од кратките филмови кои оставиле некаков белег на Фестивалот, а ќе има и три дигитализирани кратки филма од опусот на Бранко Гапо, првиот лауреат на Астерфест во 2006 година.


На самиот почеток на Фестивалот ќе има кратко обраќање на познатата шкотска режисерка Мораг Меккинон, а веднаш потоа со пригодна видеопорака ќе се обрати и режисерот Пиро Милкани, легенда на балканскиот филм, кој е лауреат на престижната награда „Астер“ оваа година, за неговиот монументален филмски опус.

Милкани е роден во 1939 г. во Корча, студирал на ФАМУ во Прага, а потоа со години работел во Албанија каде снимил голем број играни и десетици документарни и кратки филмови.
Филмската програма на „Астерфест“ ќе се емитува од 28 до 31 август онлајн секоја вечер со почеток од 19:30 часот, а филмовите ќе бидат достапни само по една вечер, бесплатно.
Пред кусометражните филмски блокови ќе има кратки видеопораки од автори од САД, Мексико, Португалија, Русија, Велика Британија, Аргентина, Бугарија, Романија...
Интернационалното стручно жири кое ќе одлучува за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ е составено од филмологот Марјан Цуцуи, продуцентката Елени Чандриноу и режисерот Горан Радовановиќ.


Сите насоки, упатства и програмски термини за онлајн прикажувањата ќе бидат наведени на веб-страницата www.asterfest.com, како и на фејсбук-профилот на „Астерфест“.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная