Во рамки на научно-истражувачкиот проект „Димитрија Чуповски (1878−1940) и ‘Македонското научно-литературно другарство во Петроград’ (1902−1917)“ на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ (2020−2022), на 28 октомври 2022 година ќе се одржи третата, завршна научна конференција.
Предвидени се две одделни сесии со петнаесет реферати на седумнаесет учесници — членови на МАНУ, универзитетски професори и научни работници од Институтот за историја и Институтот за македонски јазик. Предмет на истражување на излагањата се гледиштата на членовите на МНЛД — С.−Петербург (1902−1917) во врска со македонскиот јазик, литература, култура, историја и народ, во балкански и европски контекст.
Програмата и Книгата на апстракти се дадени во прилог на оваа покана, во посебни фајлови.
Научната конференција ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.
Овој значаен собир кој ќе се одвива во малите сали на МАНУ, од 10 до 15 часот (пауза во 12 ч.).
Со почит,
Kniga_na_apstrakti_MNLD_2022_MANU_dp.pdf
Programa_MNLD_20222_MANU-dp.pdf