логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Завршна изложба на инклузивниот проект „Замисли желба“

 

Почитувани пријатели,

На 14 ти декември 2022 (среда), во 13 часот во просториите на Чифте амам заокружуваме инклузивен проект и Ве каниме да бидете дел од нашата приказна насловена „ Замисли желба“

 

Во годината што изминува и која полека си ги пакува куферите со сите наши достигнувања станавме посигурни и поискусни во она што го работиме, но и посвесни и поодговорни за Светот околу нас. Едукативното одделение на Националната галерија изминатиов период организираше креативни работилници со тема врзана со претстојните празници.

Како што најавивме и претходно во текот на изминатите месеци, октомври и ноември, беше реализиран социјално-инклузивниот проект со наслов „Замисли желба“. Концептот на проектот беше реализиран низ креативни работилници кои се одржуваа во Чифте амам. Групите на учесниците во работилниците беа разновидни по состав и возраст, учествуваа ученици од основното, средното и високото образование, како и лица со попреченост. Учесници во проектот: Дневен центар за лица со Даунов синдром, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ОУ „Лирија“, ОУ „Хасан Приштина“, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Братство“,  гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ (паралелката за меѓународна матура), „Никола Карев“, „Св Наум Охридски“, Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн, Педагошкиот факултет „Св.Наум Охридски“, Универзитетот „Мајка Тереза“.
 

Тематски мотив на работилниците беше изработка на лампиони и други декорации. Материјалите за изработка на лампионите како и помошни материјали, овој пат беа донирани од модната куќа „Бела“. Истите беа реупотребени, редизајнирани во оригинални и необични креации.

 

Галеријата, целиот овој период пулсираше во духот на претстојните празници, љубов и хармонија.

Под мотото: „Од децата за децата“, преку одговорни акции би сакале да поттикнеме самоиницијатива кај општествени чинители, да се вклучи и бизнис заедницата во остварување на хумани цели.  Националната галерија на Македонија е одговорна институција од областа на културата која несебично помага и поддржува секаков тип на едукативни настани каде се таргетираат младите од редовниот курикулум и ранливите категории.


z 9.jpg


 

Како завршница на сето погоре, на 14 ти декември 2022, во 13 часот, во просториите на Чифте амам ќе ги претставиме изработките на посебен претпразничен начин. Ве каниме да бидете дел од нашата приказна насловена „Замисли желба“. За да се надополни претпразничното расположение во пресрет ни приоѓаат нашите пријатели и соработници, учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ со следната програма:

 

·         Квинтет флејти - Меглена Лазаровска, Јосипа Василевска, Барбара Гиновска, Сара Тенкова, Светле Васковска,

К. Виа- Ариранг,

класа: Наташа Еленова,

·         потоа Брас Кавартет-Кристијан Јовановиќ, Рохан Крујезиу, Никола Стојановски и Лука Костовски,

М. Праеториус- Мадригал,

Ј. Доналд Мадригал,

класа: Сенад Усеин

·         и дуо виолина и гитара- Ева Ристеска и Јордан Трендафилов,

Н. Паганини- Кантабиле оп. 17,

класа : Наташа Стојановска.

Ве очекуваме!

Координатор на проектот е Маја Димитрова, едукатор


Национална галерија на Република Северна Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная