„ПРОФ.Д-Р ЈАНА МАНЕВА-ЧУПОСКА СО ДВЕ ИЗЛОЖБИ ВО ПАРИЗ“
На 20 октомври со почеток 17.00 часот во македонската Амбасада во Париз ќе се отвори изложбата на Јана Манева-Чупоска со наслов „Паришки нацртан филм“. Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска трака. Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts).
Изложбата ќе ја отвори Вршител на Должност г-дин г-дин Рафет Хајдари и француската уметничка г-ѓа Роземан Робино (Roseman Robinot) која е исто така моментален резидент во меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts) .
Изложбата е дел од програмата проекти од национален интерес за 2023 год. при Министерство за култура на Р. Македонија.
Јана Манева-Чупоска е редовен професор на Европскиот Универзитет и претседател на ДЛУМ