09-12.10.2025
ПОЧИТУВАНИ, СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!!!
ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ДАРО КОМПАНИ ОРГАНИЗИРА ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ НИКОЛА, СВЕТИ КУЗМАН И СВЕТИ ДАМЈАН, СВЕТИ САБИНО, СВЕТА КОЛОМБА И СВЕТИ АРХИЃАКОН СТЕФАН ВО БАРИ - ИТАЛИЈА ОД 09 ДО 12 ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА
Туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 070-236-349, во соработка со Скопската православна епархија и со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети свети Никола, свети Кузман и свети Дамјан, свети Сабино, света Коломба, свети архиѓакон Стефан и свети Јован Владимир во Бари-Италија и Елбасан-Албанија.
1 ДЕН (09.10.2025 четврток): Состанок со групата во 11:30 часот на паркингот пред Holiday Inn-Дрводекор во Скопје, па заминување кон пристаништето Драч. По пристигнувањето во Драч следи сместување на брод и заминување за Бари-Италија (ноќно возење).
2 ДЕН (10.10.2025 петок): Пристигнувањето во Бари е предвидено во утринските часови, потоа следи продолжување на патот кон градот Битонто и посета на базиликата посветена на Свети Кузман и Свети Дамјан и поклонување на моштите од светителите. По ова следи враќање во Бари и посета на базиликата Свети Никола, каде верниците ќе можат да се поклонат на неговите мошти. Во продолжение на денот ќе се посети и катедралата Свети Сабино, каде верниците ќе се поклонат на моштите од свети Сабино и света Коломба. Во попладневните часови е предвидено сместување во хотел во оклината на Бари и слободно попладне.
3 ДЕН (11.10.2025 сабота): Будење, а потоа заминување за Путињано и посета на црквата Санта Мариа ла Грека и поклонување на моштите од свети архиѓакон Стефан. Потоа ќе биде посетено Алберобело, единствено салш село во светот, заштитено од UNESCO. Следува заминување за Бари и посета на православниот храм Свети Никола, изграден од православната руска заедница, по ова следува слободно време до 19.00 часот, а потоа заминување во пристаништето на Бари, сместување на брод и продолжување на патот кон Албанија (ноќно возење).
4 ДЕН (12.10.2025 недела): Пристигнувањето во Драч е предвидено во утринските часови, а потоа патувањето продолжува кон Шијон-Елбасан и посета на манастирот Свети Јован Владимир и поклонување на неговите мошти. По ова следи заминување за Македонија.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 14.500 денари (€ 235). Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување до 64 години, автобуски превоз, превоз со траект Драч - Бари - Драч, платени такси за во пристаништа, платена туристичка такса за Алберобело и едно ноќевање БЕЗ ПОЈАДОК во хотел (10 октомври). Последен рок за пријавување е 03 октомври 2025 година до кога ќе треба да се уплати. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење. Патниците кои ќе сакаат да користат кабина за спиење на брод ќе треба да доплатат € 24 по патник во двата правец за во четворокреветна кабина и € 30 за во трокреветна кабина за ова опција треба да се потврдат најдоцна 7 дена пред поаѓање!!!!!!
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Viber или Messenger.
Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Патување во Италија
ОВА ПРОГРАМА МОЖЕ ДА ЈА ПРЕПРАТИТЕ НА ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ИЛИ ДА ЈА ПОСТАВИТЕ НА ВАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА!!!!