логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

КИРИЛ ЕФРЕМОВ

МЕЃУ РЕАЛНОСТА И СОНОТ

РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА

Во пресрет на новогодишните празници, со намера да го збогатиме празничното расположение, најавуваме уште една ретроспективна изложба во Даут пашиниот амам. Станува збор за творештвото на академскиот сликар Кирил Ефремов која ќе биде отворена на 25 декември 2025, во 19 часот.

Кирил Ефремов (1938-2020, Штип) своето присуство во македонската уметност го најави во почетокот на 60-те години на 20 век. Сликарство завршил на Училиштетото за применета уметност (проф. Лазар Личеноски и други), а Академија на ликовни уметности I степен во Белград. Кирил Ефремов во почетокот на своето творештво и последователно ја потврди својата определеност за предметното творештво во временски периоди кога доминираше енформелот и апстрактната уметност. Неговата ориентираност кон сликарство со надреално-фантастични карактеристики ќе биде поттикнато од сликарите на белградскиот круг, особено припадниците на групата „Медиала“ која се залагаше за концептот на „интегрална слика“, со теоретски претпоставки во контекстот и релацијата на современата уметност во однос на традицијата. Таквиот став ги отсликуваше извесните противречности во модерната уметност, со нагласка на барањето на синтетичната уметност и универзалната личност на уметноста која треба да содржи философски, етички и сознајни премиси. Ефремов на свој начин го изрази немирот на тој временски период внесувајќи иреалност и романтичен дух во своето сликарство. Следи период на интензивно барање на нов „релационизам“ во врска со класичната и модерната уметност, меѓу реалноста и фантазијата. Покрај големите сеопфатни теми на денешницата Ефремов е длабоко поврзан со домашниот амбиент и традиција, со еден специфичен свет на „личната митологија“. Тој вложи напор да ја прошири тематиката на метафоричното, како и на алегориското сликарство, обработувајќи исто така и теми од националната историја. Во духот на отвореноста и љубопитноста кон нови искуства и сознанија Ефремов во 70-те години се свртува кон некои идеи и решенија на Салвадор Дали и поп-артот со разновидни модалитети на фигуративното со елементи на новата фигурација и на фотореализмот. Еротиката и психолошките моменти, изразноста и „грчевитата убавина“ со примери од ренесансното сликарство и модернизмот станаа негови опсесивни теми. Со не помал интерес Ефремов обработува теми и проблематика од современиот свет, фасциниран со секејдневното поставено во неочекувани односи и со универзални значења. Значајна беше неговата општествена и професионална активност (меѓу другото бил председател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија), особено обемната изложба организирана во Уметничката галерија (денес Национална галерија) во 1984 година.

Творештвото на Кирил Ефремов во доменот на надреално-фантастичното сликарство има посебно значење во поширокиот контекст на македонската уметност.Изложбата е ретроспективна изложба низ која публиката ќе има можност да го согледа во целина творештвото и развојниот пат на Кирил Ефремов укажувајќи на неговото место и значење во развојот на македонската современа ликовна уметност.

Автор на текстот на монографското издание е проф. др Владимир Величковски, куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

Празниците за Новата година и календарскиот програмски простор во јануари ни дозволува изложбата да трае во овој период.

Кирил Ефремов

Роден 1938-2020 година, во Штип. Сликарство завршил во Училиштето за применета уметност во класата на Лазар Личеноски во Скопје и на Академијата за ликовни уметности во Белград. Член на ДЛУМ од 1966 година и негов претседател во периодот 1995 – 1997 година. Остварил студиски престои во Франција, Италија и Швајцарија.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

22/12/2025 -понеделник

Божикен пост; (строг пост)

Зачнувањето на Света Ана; Света Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преподобен Стефан Новосјаен; Свети Софрониј, архиепископ Кипарски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф  23 декември/10 декември  2025

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 23 декември/10 декември 2025

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил  22 декември/9 декември  2025

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 22 декември/9 декември 2025

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светите Христови апостоли Состен, Аполос,Тихик, Епафродит,    Онисифор, Кифа и Кесар 21 декември/ 8 декември   2025

Тропар на светите Христови апостоли Состен, Аполос,Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар 21 декември/ 8 декември 2025

Пламени факели кои го осветлувате учењето Христово, бодри мажи кои за спасение на стадото ревнувавте, апостоли Состене и Аполосе, Тихике, Епафродите, Онисифоре,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная