логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

IvicaTodorov

 

 

 

 

 

 

 


Одговара: Презвитер Ивица Тодоров

ПРАШАЊЕ: (од Ненад ) - Што да се избере? Егоцентричниот светоглед, безморалното богатење, вештата демагогија или Евангелието Христово 
одговор:
 
 Како одговор на прашањето, а поточно е да се нарече размислување, на братот Ненад, јас приложувам еден мој текст во кој длабоко се надевам дека успевам да навлезам во проблематиката, но и во одговорот на од братот Ненад начнатите теми.


Библиски народ за библиска земја

      
Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше - Премини во Македонија и помогни ни!  (Дела.16,9)

 Во една од своите параболи за Царството Божјо нашиот единствен Учител, Спасител и Господ, совечниот Син на вечниот наш Отец небесен, Исус Христос, ни открива една толку суштинска вистина што ако истата не ја разбереме може целиот наш личен, семеен и општествен живот да пропадне во слепата улица на самозалажувањето и себеуништувањето. Параболата гласи вака:
Царството небесно прилега на трговец, кој бара убави бисери, па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава се што има и го купува. (Мат.13,45)
Што ни открива нашиот возљубен Учител во оваа парабола? Ни открива дека секој човек во овој свет е налик на трговец кој ги бара вистинските вредности, односно го бара она најскапоценото, ја бара смислата на постоењето и вистината, љубовта и блаженството во тоа постоење. Во својот живот секој човек се среќава со разни нешта кои му се наметнуваат како вредности и вистини кои му нудат успешно, брзо и особено без промена и очистување на личноста, напредување во личниот и општествениот живот. Но за многу кратко време, прво во однос на вечноста, а потоа и во однос на краткиот човечки  живот во овој свет, човекот или човештвото се соочува со ВИСТИНАТА дека многу од таканаречените вредности и вистини се нечија лага, измама, патолошки болен интерес, манипулација или едноставно кажано слепа улица која секогаш завршува со сознанието дека сме измамени и дека изминатиот период од нашиот живот бил чисто промашување.
А дека тоа е така најдобро ни сведочи РЕАЛНОСТА на секојдневното живеење. Во таа реалност на лагата и се кратки нозете, но додека трае нанесува страшни несреќи и страдања во многу животи. И затоа нашиот Господ ни препорачува да бидеме како трговци, да внимаваме што купуваме и што продаваме. А кога ќе го пронајдеме скапоцениот бисер, односно,  ВИСТИНАТА таква каква што е, тогаш треба да се ослободиме, да ги продадеме, да ги отстраниме од себе сите лажни вредности и вистини и да ја купиме, односно, да ја примиме во себе вистинската ВИСТИНА за совршениот начин на постоење во Царствотот Божјо. Вистина, која во овој свет и век во нас се остварува преку процесот на нашето ОВИСТИНУВАЊЕ И ОЉУБОВУВАЊЕ во подвигот на нашето духовно (личносно) зреење, очистување и растење преку:
1. исполнувањето на заповедите Христови
2. во Неговото спасително Тело (Црквата)
3. во животворната благодат (сила) на Светиот Дух,
4. а во слава и благодарност на нашиот Небесен Отец.   
  Овој духовен закон важи како во личниот, така и во семејниот и општествениот живот. Ова пред се е многу важно и за нашето заедничко живеење и како Македонци и како народ Божји (Црква) на овие наши македонски простори. На голем број свесни, совесни и одговорни личности од нашиот род им е јасно дека кризата во која се наоѓаме е плод од нашата заедничка лоша трговија или духовна слепост со лажните вредности и вистини. Затоа и многумина се прашуваат каде е излезот, вистината, скапоцениот бисер. И излезот и вистината, односно скапоцениот бисер, се тука кај нас и во нас. Ние често за да се самопофалиме велиме дека сме Библиски народ кој живее на оваа македонска Библиска земја. Наместо само декларативно да ги кажуваме овие зборови треба суштински да се нурнеме во нивната смисла. А во таа смисла, во таа од Бога откриена ВИСТИНА ќе го пронајдеме следното. Ќе пронајдеме дека ако сакаме да се нарекуваме Библиски народ (Црква на живиот Бог, новозаветен народ Божји) треба да бидеме:
чесни и со мирна совест, а не криминализирани и поткупливи  
љубовноискрени, а не полни со завист, подлост, ситнодушие и лична егоистична сметка;
единствени и обединети со иста визија и вредности на живеење, а не разединети и омеѓени со високите ѕидини на исплашеното болно суетливо его;  
 чисти од злото и утврдени во вистинската од Бога откриена вера, а не извалкани со празноверие (бајачки, гатачки, окултизам), идолопоклонство, суетлива мрзеливост, егоистична простотија и садо - мазохистичка злоба;
вистинољубиви, а не свесно да се  спротиставуваме на Божјите заповеди и вистини во името на својата страст, лична корист и интерес;
 човекољубиви патриоти и ДОМОЉУПЦИ, а не алчнокрадливо настроени егоистични лицемери кои секоја позиција во општеството ја користат за да приграбат нешто што не им припаѓа и сето тоа на штете на својот народ кој секојдневно станува се посиромашен и побезнадежен.
 послушни на Отецот Небесен преку Неговиот Син во Светиот Дух и во Светата Црква, а не на разни болни умозамрачени личности, алчни лицемери, секташки лидери и гуру заведувачи, идеолишко - религиозни трговци, мативоди и белосветски манипулатори кои продаваат отров како да е  лек.
  Оваа македонска земја ја нарекуваме света и библиска не само затоа што е спомната во Светото Писмо, туку затоа што над двеилјади години таа е осветувана преку молитвите на Црквата и натопувана со солзите и крвта на вистинските Христови ученици. Во своите недра таа ги чува телата на неброени знаени и незнаени светии, наши духовни и телесни предци, кои го очекуваат повторното Христово доаѓање и нашето заедничко воскресение од мртвите и вселување во полнотата на совршеното постоењето во вечните перспективи на Царството Божјо.  
 Во овој историски момент, иаку во сериозна криза, Македонија и Македонецот имаат голема шанса. Македонецот е веќе заситен, а и длабоко понижен и повреден од лажните вредности и вистини на отпаднатиот од Бога начин на постоење во овој свет. Но пред да започне да менува нешто, во себе и со себе, а и надвор од себе, современиот Македонец треба длабоко во себе да се осведочи и да ја разбере вистинската вечна вредност и сила на скапоцениот бисер што му се наоѓа при рака, за потоа со достоинство и духовна сила да може да каже дека е член на Библиски народ кој живее на својата света Библиска земја во слава на Бога и за доброто на сите луѓе и народи.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная