Независната новинска агенција Макфакс во Скопје вчера одбележа 15 години постојано емитување вести. Макфакс е првата приватна новинска агенција во Југоисточна Европа и еден од првите приватни медиуми во Македонија. Агенцијата е основана во август 1992 година, а првата вест ја објави на 5 мај 1993 година.Агенцијата Макфакс годишнината ја одбележува со слоганот „15 години најбрзо до вистината“. Макфакс останува доследен на основните принципи врз кои ја почна работата: да пишува вистинити вести, професионално подготвени и најбрзо да ги достави до корисниците, јавноста, читателите, пишува во вчерашното соопштение на агенцијата.
+++
НА МНОГАЈА ЛЕТА, ДРАГА РЕДАКЦИЈО
Преминпортал