Книгоиздателството „Култура“ од Скопје, вечерва со почеток во 20 часот, во просториите на Националната галерија „Мала станица“, ќе го претстави ексклузивното издание под наслов „Послание до потомците-Донации и ктиторства на Трифун Костовски“.
Книгата е заедничко дело на Маја Бојаџиевска, Ирена Стефоска, Елка Јачева-Улчар и Тони Филиповски, а пред присутните ќе ја претстават авторките Маја Бојаџиевска и Ирена Стефоска, како и писателот Венко Андоновски. Извадоци од делото ќе презентира актерот Владимир Јачев. (Н.П.)