МАРШРУТА НА ПАТУВАЊЕТО:
СКОПЈЕ- МОСКВА- САНКТ - ПЕТЕРБУРГ- О.ВАЛААМ- ТРОИЦКА - СЕРГЕЕВА ЛАВРА-ДИВЕЕВО-ОПТИНСКА ПУСТИНА -
- МОСКВА-СКОПЈЕ
Ден први
31/08/2009 ( понеделник )
Состанок на групата пред Соборниот храм Св. Климент Охридски
(во 0:00 часот) . Трансфер Скопје - аеродром Софија. Полетување за Москва во 15:10 часот со а/к Бугариа Аир. Слетување во Москва на аеродром Схереметѕево -2 во 19:00 часот. Средба со водичот на групата и трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Вечера. ( Можност за панорамско разгледување на Москва со автобус ). Ноќевање.
Ден втори
01/09/2009 ( вторник )
Поаѓање за Светата Троицка - Сергеева Лавра (наутро со автобус). Посета на црквата на Света Троица (Св. мошти на Св. преподобниот Сергеј игумен Радонежки). Посета на црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица, храмот посветен на Свети преподобен Сергеј Радонежки, црквата посветена на Светиот Дух. Ручек. Посета на фабриката “Софрино”. Враќање во Москва. Посета на Храм на Христос Спасителот. Заминување со ноќниот воз за Санкт- Петербург.
Ден трети
02/09/2009 ( среда )
Пристигнување во Санкт- Петербург ( наутро). Сместување во хотел.
Посета на Лаврата на Св. Александар Невскиј, женскиот манастир посветен на Свети Јован Кронштадски ( поклонување на Св. мошти на Светитиот праведен Јован Кронштадски), поклонување на Светите мошти на блажената Ксенија Петербургска, Казански Собор, храм Спас на крвта.
Ручек. Можност за вечерна богослужба во една од црквите во Санкт- Петербург. Вечера. Ноќевање.
Т.Ц. Беверли Хилс И кат, лок.34а, Скопје, Македонија Е-маил: наталија.нЖт-хоме.мк Тел.++ 389 2 311 72 72; ++389 2 313 14 15
њњњ.никеџ.цом.мк
Ден четврти
03/09/2009 ( четврток )
Поаѓање за о. Валаам (наутро со автобус и брод).
Пристигнување на о. Валаам во 13.00 часот. Сместување во хотел. Ручек.
( посета на скитовите ). Вечерна богослужба. Вечера. Ноќевање.
Ден петти
04/09/2009 ( петок )
Утрена богослужба. Програма на о. Валаам. Вечерна богослужба. Вечера. Ноќевање.
Ден шестти
05/09/2009 ( сабота )
Утрена богослужба. Програма на о. Валаам. Навечер патување со автобус и брод до Санкт- Петербург. Вечерта пристигнување во Санкт- Петербург. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден седми
06/09/2009 ( недела )
Слободен ден. Можност за факултативни екскурзии во Петергоф и Павловск. Навечер патување со воз до Москва.
Ден осми
07/09/2009 ( понеделник )
Пристигнување во Москва (наутро).
Поаѓање за Дивеево со автобус ( 650 км )
Посета на Серафимо-Дивеевски женски манастир. Сместување во хотел. Ручек. Вечерна богослужба. Вечера. Посета на “ Канавката” на Пресвета Богородица основана во 1829 г. по благослов на Свети преподобен Серафим Саровски. Ноќевање.
Ден деветти
08/09/2009 ( вторник )
Дивеево. Утрена богослужба. Посета на Светите извори на Св. преподобен Серафим Саровски и други. Ручек. Заминување за Москва со автобус. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Т.Ц. Беверли Хилс И кат, лок.34а, Скопје, Македонија Е-маил: наталија.нЖт-хоме.мк Тел.++ 389 2 311 72 72; ++389 2 313 14 15
њњњ.никеџ.цом.мк
Ден десетти
09/09/2009 ( среда )
Поаѓање за Оптина Пустина ( машки манастир, 280 км ). Ручек.
Посета на Шамордино и храмот во чест на Казанската икона на Мајката Божја ( женски манастир ). Посета на Светиот извор. Ручек. Заминување за Москва. Вечера. Ноќевање.
Ден единаесетти
10/09/2009 ( четвток )
Посета на Донскиот манастир, Сретенскиот манастир и Свето- Даниловскиот манастир. Вечера. Ноќевање.
Ден дванаесетти
11/09/2009 ( петок )
Слободно време во Москва. Ручек.
Во 16:00 часот трансфер трансфер до аеродром Схереметѕево - 2. Полетување за Софија во 19:55 часот со а/к Бугариа Аир . Слетување во Софија во 21:55 часот. Трансфер аеродром Софија - Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Цена на аранжманот - 73.000,00 денари*
Во цената на аранжманот е вклучено:
- трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје;
- авионски билет за релација Софија-Москва-Софија со а/к Бугариа Аир;
- сместување во хотел според програмот;
- полупансион(ручек-вечера);
- транспортни услуги според програмот;
- влезници во објекти според програмот ;
- услуги на туристички водич;
- патничко осигурување;
- организација и водство на патот;
Во цената на програмот не е вклучено:
- туристичка виза за Русија 30 УСД;
- трошоци кои ќе ги направи гостинот, а не се предвидени со програмата.
За реализација на ова патување важат општите услови на Т. А. НИКЕКС
Рок за пријавување до 01/07/2009 со предоплата од 50% од цената на аранжманот.
* Туристичката агенција Никекс го задржува правото на промена на цената на аранжманот поради променливата вредност на аеродромските такси.
T.C. Beverli Hils I kat, lok.34a,