25.11.2009 09:11
Најголемиот светски Интернет пребарувач „Гугл“ најави дека наскоро ќе ја купи американската компанија „Терасент“, која е специјализирана за објавување „он лајн“ реклами.
Трансакцијата, чија вредност се уште не е соопштена, треба да биде објавена до крајот на оваа година.
„Терасент“ нуди „он лајн“ реклами чија содржина се менува во реално време согласно географските или лингвистичките критериуми, па и во моментот кога рекламите се објавуваат.
Купувањето, како што тврдат во „Гугл“, има за цел подобрување на објавувањето реклами на страницата.