Со задоволство Ве известуваме дека хуманитарната претстава „Грев или Шприцер“ од авторот Сашко Насев а во изведба на учениците од гимназијата „Алгоритам“ ќе се одржи на 05 јуни (вторник) со почеток од 19 часот во Драмскиот театар од Скопје (голема сцена). Едновремено, би сакале да ги поканиме сите претставници на медиумите да присуствуваат на настанот како гости на Гимназијата.
Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат искористени за обезбедување наставен материјал потребен за Дневниот центар за децата болни од аутизам, адхд и аспергеров синдром „Во мојот свет,“ којшто ќе биде официјално отворен во септември 2012.
Со ова гимназијата „Алгоритам“ ја продолжува својата заложба за поголема инклузија на децата со посебни образовни потреби во наставниот процес.
Претставата „Грев или Шприцер“ во изведба на Гиманзијата Алгоритам својата премиера ја имаше во април оваа година во Салон 1919 на првото издание на театарскиот фестивалот „ГИМАНЗИЈАДА-2012“ во ораганизација на Културниот центар Скопје. Претставата е под менторство на професорот по македонски јазик и литература во гимназијата „Алгоритам“, Горан Станикевски-Горјански.
Пред почетокот на претставата публиката ќе има можност да проследи селекција на краткометражни едноминутни филмови авторство на учениците од Гимназијата. Во селекцијата се и филмовите “The Circle” добитник на 2-та награда на тема „Стоп за училишното насилство“, како и филмот “Do rabbits dream human dreams".
Срдечно ваш,
Ристо Алексовски, одговорен за односи со јавноста на Гимназијата „Алгоритам“
___________________________
Ристо Алексовски,
oдговорен за односи со јавноста на
Гиммназијата „Алгоритам“
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: +389 (0) 2 3116-750 ;
+389 (0) 70 89 41 74
www.algoritam.mk