ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ГАЛИЧНИК
Бул. „Партизански одреди” 111/2-13, 1000 Скопје, Р. Македонија; Блд. “Партизански одреди” 111/2-13, 1000 Скопје, Р. Мацедониа
Тел/фаџ: + 389 2 3062 753; ГСМ: + 389 70 574 930; е-маил: анафранговскаЖѕахоо.цом
Почитувани,
Ве информираме дека традиционалната интернационална Ликовна колонија Галичник, својата овогодишна јубилејна, 23-ва по ред, сесија ќе започне на 15 август. На неа ќе земат учество 7 уметници од повеќе земји и тоа: Дилјана Стојменова - Бугарија; Урош Џуриќ - Србија (добро познатиот ангел од српскиот хит „Ми нисмо анџели”); Павел Павелка - Босна и Херцеговина; Ирмак Донмез - Турција, Дијана Богдановска, Инес Ефремова и Илина Чолак - Македонија. Овогодишната сесија на ликовната колонија Галичник, со цел да го одржи не само квалитетот и професионалноста, кој е веќе потврден и од домашната уметничка фела и критика, но и од странската, туку и да биде во чекор со најновите текови во уметноста, и овој пат ќе опфаќа работа само и исклучиво со таканаречените „нови медиуми„, т.е. фотографија, дигитална графика, фото инсталација, видео арт, видео инсталација. Сите учесници се значајни и афирмирани уметници во земјите од каде доаѓаат, а и пошироко, со исклучителни остварувања зад себе и иако повеќето млади имаат веќе изградени богати биографии.
Очекуваме и убедени сме, дека и овогодишната креативна средба, како и сите досега, ќе се одржи на највисоко професионално ниво и дека како резултат на тоа ќе бидат создадени одлични дела, а Ликовната колонија Галичник уште еднаш ќе го докаже квалитетот и посебноста, поради која стана препознатлива и единствена манифестација не само во Македонија, туку и на светската арт мапа.
Искрено и со почит,
Ана Франговска,
уметнички раководител