логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Почнува 33 Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Во Битола вечер свечено ќе биде отворен 33 Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.  Под мотото „Продолжи да создаваш“, до 21 септември  ќе бидат прикажани 74 наслови од светската и македонската кинематографија, од кои 11 се во официјалната конкуренција во трка за наградите „Камера 300“. Фестивалот ќе го прогласи отворен неговиот покровител - претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Првпат во својата историја, „Браќа Манаки“ ќе биде отворен и затворен со македонски филмови во главната програма -  вечерва со премиерата на „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а в петок со „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски. Ексклузивна гостинка е француската филмска дива Катрин Денев која вчера пристигна во Битола, а вечер на свеченото отворање ќе ја прими Специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

+++

Лабина Митевска: Најсериозно издание на „Браќа Манаки“„Ќе бидат прикажани 28 македонски филмови. Очигледно расте филмската продукција во Македонија, бројка на која можат да ѝ позавидат многу земји“, вели за ДВ Лабина Митевска, директор на фестивалот „Браќа Манаки“.

Лабина Митевска, директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, во пресрет на вечерашното свечено отворање на 33. издание, оценува дека годинава е исклучителна за македонскиот филм. Митевска смета дека е најважно да се задржи континуитетот во продукцијата. Прв пат во историјата на фестивалот „Браќа Манаки“ тој ќе биде отворен односно затворен со македонски филмови - „Трето полувреме“, во режија на Дарко Митревски и на 21. септември - „Балканот не е мртов“, во режија на Александар Поповски. Шесте фестивалски денови ќе донесат 74 наслови од светската и македонската кинематографија, вклучувајќи ја и обемната „Македонска панорама“ – кратки и долгометражни филмови од најновата продукција.

Македонските филмови ќе бидат најсилниот адут за квалитетот на фестивалот годинава?

„Македонските филмови ќе бидат силниот адут на фестивалот годинава, но ќе имаме силна програма и во сите други селекции - во главната конкуренција имаме извонредни 9 филмови од најновата продукција кои беа дел од најголемите светски филмски фестивали; во програмата ’Нови визии’ има исклучителни 5 филма, додека документарната програма содржи контроверзни и интересни приказни. Фокусот оваа година е на шведската кинематографија. Сметам дека ќе понудиме квалитетна програма и зад неа стоиме - 100% !“

Велите дека ова е најсериозното издание на фестивалот досега?

„За мене најсериозно значи – најтешко да се направи. Не само поради програмата, туку пред сè поради ѕвездите кои ќе ги донесеме. Кетрин Денев е актерка наградувана во Кан, Берлин и Венеција и сега во Македонија, а преговорите со неа траеја седум месеци. Ми се чини дека досега не сме имале ѕвезда од овој ранг во Македонија. Во таа смисла го имаме најквалитетното. Освен неа, во Битола ќе дојде и исклучителниот директор на фотографија Кристијан Бергер, но и легендата- директорот на фотографија Лучано Товоли- соработник на Микеланџело Антониони и Луис Буњуел меѓу другите.“

Минатата година за ДВ изјавивте дека фестивалот „Браќа Манаки“ е на добар па,т но има уште да изоди. Од досегашното искуство - што се‘ уште му недостига и на што треба да се работи?

„Сега фестивалот е добро поставен. Но, она на што јас би работела повеќе и би го засилила се - гостите на фестивалот, домашни и странски. Така би го растела фестивалот. За тоа се потребни многу поголеми финансии, сигурно би биле среќни да немаме по една ѕвезда, туку по 2-3. Но, тука има и голем логистички проблем. Прекрасно е што фестивалот се случува во Битола, но има ограничени сместувачки капацитети. Исто така, техниката за прикажување на филмовите во Центарот за култура во Битола не ги задоволува стандардите на еден светски фестивал. Мора да се изгради ново кино. Тие аспекти ги гледам како проблеми.“

Со фестивалот успешно менаџирате во последните четири години - во два директорски мандати. Со 33. издание истекува вашиот мандат на прв човек на „Браќа Манаки“?

„До пред некој месец велев ’Не, доста е, направив колку што можев’. На почетокот не бев свесна за тоа дека доколку сакаш да имаш добар фестивал – мораш да го подготвуваш цела година. Фестивалот ми одзема многу време што би го посветила на актерството или на продуцирањето. Дали ќе конкурирам ќе размислам... Од друга страна, толку многу вложивме во овој фестивал и уште толку многу работи треба да се направат...“

Имате уште предизвик да му се посветите на „Браќа Манаки“?

„Секако! Јас така работам - колку работите се потешки, толку имам поголем предизвик и поинтересни ми се. Фестивалот ’Браќа Манаки’ за мене e како секој мој филм. Тој сега е како 4-годишно бебе кое треба да се израсне уште малку, за цврсто да застане на своите нозе.“



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная