ЗА Балкан“ ќе заврши вечер со доделување на наградата „Прозарт” за развој на балканската книжевност. Добитник е српскиот писател Владислав Бајац и ќе му биде врачена во книжарница „Икона“ во ТЦ „Сити мол“. Наградата ќе ја додели писателот Александар Прокопиев, уметнички директор на „ПРО-ЗА Балкан“.
Владислав Бајац (1954) е познато книжевно име на Балканот, добитник на „Балканика“ во 2008 за романот „Амамот Балканија“. На македонски јазик се преведени повеќе негови книги, како „Книга за бамбусот“, „Друидот од Синдидун“, „Бегство од биографија“, „Европо експрес“. Добитник е на 12 релевантни награди, преведен на дваесетина јазици, а многу негови дела се адаптирани за театарски претстави. Негова последна книга е „Гастрономадски приказни“. Бајац е познат и како издавач, соптвеник на познатата „Геопоетика“ од Белград.
Покрај Бајац, уште четири познати писатели од Балканот беа гости на првиот фестивалот на балканската прозна литература кој се одржува три дена во организација на издавачката куќа „Икона“ од Скопје - Миленко Јерговиќ од Хрватска, Андреј Блатник од Словенија, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора.
Според организаторот, целта на фестивалот е промовирање на балканската книжевност, вмрежување на автори и издавачи од регионот и создавање платформа за подобра идна соработка. хс/са/9:46