В петок (23-ти), сабота (24-ти) и недела (25-ти), со почеток во 21 часот, во организација на Тивериополската филмска алијанса ќе бидат прикажани неколку интересни филмски остварувања.
- Вечерва (петок) ќе има проекција на неколку филмови од програмата на последното издание на Астерфест. Ќе бидат прикажани: белгиско-францускиот „Умирање на сенката“ на Том Ван Авермает (филм кој беше номиниран за Оскар), британскиот „Кралот Џон“ на Џон Ласт (филм работен по мотиви на Шекспир) и „За љубовните вештини“ на овогодишниот лауреат на наградата Астер - Карпо Година.
- Утревечер (сабота) ќе се одржи специјална филмска вечер со присуство на македонскиот режисер Иван Митевски-Копола и во соработка со Македонската телевизија ќе биде прикажан антологискиот филм „Глас“ на Митевски, депониран во ризницата на УНЕСКО.
- Исто така, на институции ќе им бидат доделени благодарници за поддршка во првата деценија на филмскиот фестивал Астерфест. В недела ќе следува уште едно летно филмско изненадување.
23.08.2013 год.