Промоција на книга од Конфуциј
Денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Изреченија со големото учење и учењето за средишноста“ од Конфуциј, во превод на Игор Радев. Промотори се д-р Денг Шичжонг, кинески декан на Институтот „Конфуциј“, проф. д-р Бранислав Саркањац, македонски декан на Институтот, и проф. Цуј Џјунхонг. Актерската придружба му е доверена на Томе Витанов. Организатори се Институтот „Конфуциј“ при УКИМ и издавачкото друштво „Макавеј“.