Институтот за македонски јазик одбележува 60 години
Свечена академија по повод 60 години од основањето ќе се одржи денеска во 12 часот во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик. Свое пригодно обраќање ќе има претседателот Ѓорге Иванов, претставници од други високообразовни институции, долгогодишниот пензиониран директор Трајко Стаматоски, како и актуелниот в.д. директор Гоце Цветановски.
Утре и задутре по повод јубилејот во Институтот за македонски јазик ќе се одржи Меѓународна научна конференција под наслов „Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици“ со почеток во 10 часот. Своето учество го пријавиле над 70 еминентни лингвисти од земјава и од странство. Собранието на Република Македонија го прогласи јубилејот 60 години од основањето на Институтот за македонски јазик за значаен настан за одбележување во Годишната национална програма за 2013 година.