Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 декември 2013 година (вторник), во 19.30 часот ќе се отвори изложба на Љубомир Милошески.
На оваа изложба Љубомир Милошески говори за уметникот како номад и го поставува прашањето - колку е битно местото на живеење за творење. Социо-човекот е преокупиран со мобилната телефонија, интернетот, културата, тој патува, гради... влегува во нова епоха, се преселува (мигрира), влегува во системот на миграции од сите сфери. Преку ова може да се постави прашувањето колку е битно местото на живеење за творење. Денешниот номадизам се потпира на постмодерното наследство, со поимите номадизмот во денешните услови се бара експериментален витализам и прагматска етика за да може човекот да се движи меѓу териториите, идентитетите и доминантните значења кои го зафакаат секој простор од општеството. Номадизмот бара практичен сензибилитет кој ќе може да мутира и да ги одбегнува овие граници. Уметниците во последните години во голем број се отселуваат (оттуѓуваат) со цел изнаоѓање нов простор, во кој ќе можат да воспостават нова комуникација. Уметникот сака да твори било каде, но со постојана мисла за некаков центар? Милошески прави еднодневен перформанс (екскурзија) со својот експонат (уметнички експонат) - овца во уметничка галерија и затоа ја одбира метрополата како точка, како една линија, без никакви последици.
За заокружување на делото на концептот за мутантите се обидува да иронизира со здруженијата за заштита на животните, но и со здружението за заштита на лугето.
На изложбата ќе бидат изложени 19 принтови и експонат – овца.
Со почит,
Национална галерија на Македонија
02.12.2013 год.