„Сведоци (Канада)“
Утре (петок, 10 јануари) во 13.00 ч. во Кинотека на Македонија ќе се одржи премиерна проекција на долгометражниот документарен филм „Сведоци (Канада)“, снимен во продукција на Кинотека на Македонија, по сценарио и во режија на Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката.
Компилацискиот анкетно-биографски документарен филм на историска тема е втор дел од документарната трилогија „Сведоци“ и ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција.
Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 г., во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“.
Во прилог имате плакат за филмот.
Со почит,
Атанас Чупоски