За Денот на Ретки Болести (28 февруари 2014 година),
Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици-Битола, ќе организира два настани за одбележување на денот.
Ја цениме вашата поддршка и ќе ни биде драго доколку сте во можност да пристуствувате и да известувате за настаните кои ги организираме.
27 февруари,четврток, Амфитеатар на Деканат на Медицински Факултет, Скопје
10.00 – 12.30 ч.– Предавање на тема ретки болести – подобра нега, новости во третман, за студенти на медицина и фармација во соработка со Студентски Парламент на Фармацевтски Факултет и Универзитетска Детска Клиника – Скопје.
Во склоп на настанот ќе биде поставена и изложба на тема Ретки Болести.
28 февруари, петок, ЕУ Инфо Центар, Скопје
10.00 ч. –10.30ч. Отворање
• Говор – Г-ѓа Весна Алексовска, Претседател на Живот со Предизвици
• Говор – Г-дин Роберт Лидл, Министер советник, Раководител на Оддел за политички прашања, правда и внатрешни работи; информации и комуникации, ЕУ делегација
• Говор – Г-ѓа Мери Џо Волерс, Амбасада на Америка (почесен член на здружението)
• Говор – Асс. д-р м-р Аспазија Софијанова, Директор на Универзитетска Детска Клиника, Скопје
• Говор – Г-ѓа Маја Парнарџиева Змејкова, Директор на Фонд за Здравствено Осигурување на Македонија
• Говор – Д-р Момир Х. Поленаковиќ, Македонска Академија на Науки и Уметности, Одделение за медицински науки
• Говор – Министерство за Здравство
10.30 ч. – 11.00 ч. Доделување на благодарници до поддржувачите на Живот со Предизвици (славиме петта година на постоење на здружението)
11.00 ч. – Дискусија / дебата на тема: Можности за подобрување на третман на ретки болести во Македонија
11.30 ч. – 12.00 ч. – Изјави за медиуми
12.00 ч. – 13.00 ч. - Затворање – мал коктел
Во склоп на настанот ќе биде поставена и изложба на тема Ретки Болести.