логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка








Почитувани,

 

            Ве информираме дека на 3 јули 2014 година (четврток), со почеток во 20.30 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе биде отворена самостојна изложба на младата македонска уметничка Ана Матовска под наслов „Related parties“. Изложбата е дел од програмските активности на НУ Национална галерија на Македонија за 2014 година, а е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија

Ана Матовска е родена во Скопје, Република Македонија во 1982 година. 2006 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со графички дизајн, во класата на проф. Димитар Малиданов. Од 2007 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Од 2009 година живее и работи во Берлин, Германија. Во 2013 година дипломира на Berliner Technische Kunstschule (Akademie für Gestaltung), отсек комуникација дизајн. Од 2013 година е член на Professional Association of Visual Artist Berlin (bbk berlin e.V.). До сега реализирала 5 самостојни изложби во Берлин (2007, 2009, 2013), Скопје (2007) и Њујорк (2012), а учествувала на 14 групни изложби во: Скопје, Берлин, Париз и Велес. Добитник е на Годишната награда за графика  на ДЛУМ  “Димче Николов” (2007) и Државна награда за Плакат за “60 години АСНОМ” (2005).

                        Насловот „Related Parties“ на изложбата на Ана Матовска, претставена во Националната галерија на Македонија, а претходно и во „Gallery MC“ во Њујорк (2012), може да се преведе на македонски најсоодветно како „поврзани субјекти“. Токму именката „субјекти“ и придавката „поврзани“ се означувачки елементи на делата претставени на оваа изложба, изработени во неколку циклуси во период од 5 години. Симболичниот наслов реферира на инсистирање на субјективизам, поседување свој сопствен свет, став и исказ по однос на одредени прашања од реалноста, односно доследно дистанцирање од секојдневието.

            Примарен мотив што е присутен во сликите и во фотографиите на Ана Матовска е третманот на женската фигура, било да станува збор за реален модел или, пак, за модел на кукла. Делата од изложбата „Related Parties“, различни според техничката реализација, се поврзани меѓу себе според естетскиот сензибилитет и според изборот на темите. Иако Ана Матовска инсистира на субјективноста на својот сопствен свет, сепак на еден контрадикторен начин тенденциозното бегање од реалноста создава спротивен ефект - од аспект на психолошко-социјални-културолошки толкувања, на виделина излегува една повеќеслојна суптилна (и секако субјективна!) критика на современоста и на нејзините продукти и стереотипи.      

            Одговорен кустос на проектот е Маја Чанкуловска-Михајловска.

            Изложбата ќе биде отворена до 17 јули 2014 година.

 

            Со почит,

            Национална галерија на Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная