Македонска академија на науките и уметностите,
12 март 2015 година (четврток),
10.00 часот
Почитувани,
Имаме чест да Ве поканиме на Основачкото собрание на Здружението за меѓународно право.
Целта на Здружението, како невладина организација за меѓународно право е да придонесе кон понатамошно афирмирање на меѓународното право како научна дисциплина, која има влијание врз одредување на основните принципи и начинот на постапување на државите во создавањето на меѓународниот мир, безбедност и правда, како и зајакнување на соработката со државните органи и научно-образовните институции и стручни тела.
Настанот ќе се одржи на 12 март 2015 година (четврток) со почеток во 10,00 часот, во Македонската академија на науките и уметностите. Го очекуваме Вашето присуство како член на Собранието на Здружението.
Со почит,
ОД ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР
Dear Colleagues,
On behalf of the Initiative board we have the honor to invite you the Founding Assembly of the Association of International Law.
The purpose of the Association, as non-governmental organization for international law is to contribute to the further promotion of the international law as a scientific discipline, which has an impact on the determination of the basic principles and the manner of taking actions by the states in the creation of international peace, security and justice, as well as strengthening the cooperation with state authorities, scientific and educational institutions, and professional bodies.
The event will be held on March 12, 2015 (Thursday) at 10.00 am, at the Macedonian Academy of Sciences and Arts. We are looking forward to your participation as an Assembly member of the Association.
Sincerely,
The Initiative board of the Association of International Law