Изложба на слики од Благојче Наумоски - Бане ќе биде отворена вечерва (20 ч.) во галерија на ДЛУМ во Домот на АРМ. Изложбата која е насловена "Допир" е прва самостојна изложба на авторот во Скопје. На поставката ќе бидат претставени 25 слики изработени во техниките масло на платно, акрил на платно, акрил на хартија и комбинирана техника. За Наумовски ќе говорат претседателот на ДЛУМ, Тања Балаќ и професорот Џемал Бектовиќ.
Наумоски (1985 год, Кичево) дипломирал во 2007 год на Факултетот за ликовни уметности, во класата на проф. Рубенс Корубин. Моментално е на постдипломски студии кај проф. Вељо Ташовски, отсек сликарство. Од 2007 година е член на ДЛУМ. Учествувал и на неколку групни изложби во странство, како и домашни колонии. Пред извесен период се претстави со две самостојни изложби во Кичево и Гостивар.
(А.Ј.)